Андоновиќ: Трамп забранет на Твитер, ББЦ забранет во Кина

You must need to login..!

Опис

Цензурата се враќа во игра Кинеските власти ја забранија бртианската телевизиска мрежа Би-Би-Си, да се емитува на кинеска територија Причина за опваа одлука на Пекениг е , како што се наведува бројните фалсификувани извештаи“ за Кина и начинот на кој таа се се справува со корона вирусот, Имено Западните медиуми повеќе месеци спроведуваат кампања против Кина и ја обвинуваат дека ја крие вистионата околу настанувањето на пандемијата како и дека ги крие вистинските податоци околу вирусот. „Лажните вести“ не се толерираат во Кина, сооптши Пекинг Серијата известувања на Би-Би-Си за логорите во Ксинџијанг, присилната работа и неодамна за систематското силување на муслимански жени ги разбесни властите во Пекинг. Би-Би-Си не е достапен во повеќето кинески домаќинства, па забраната сугерира дека повеќе нема да се емитува на ниту еден простор, како што се хотели. Со реакција се јави самата Компанија ББЦ која изрази разочараност од тоа што кинеските власти одлучиле да применат цензура Би-Би-Си е најдоверливиот меѓународен радиодифузер во светот и известува за стории од целиот свет фер, непристрасно и без страв и благонаклоност“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, го нарече тоа како „неприфатливо ограничување на слободата на медиумите“. Но претхдоно истата слобода Бртианија и ја ускрати на кинеската телевизиска мрежа ЦГТН бидејќи беше обвинета дека проапагира ставови на Кинеската комунистичка партија. Двојните аршини околу тоа што е лаѓна вест а што објективно известување, ја враќа во игра декларативното сатанизирање на цензурата како алатка за спречување на информирањето. Сето ова води кон тенката линија за тоа што е вистина а шпто не. Речлативизирањето на објективноста само го води светот кон нова информативна војна која се чини повторно се наметнува како поле за нови судири. Претходно и глобалната социјална мрежа Твитер соопшти дека поранешниот претседател Доналд Трамп има доживотна забрана да се врати со свој налог на Твитер. Причина за оваа одлука е ставопт на компанијата дека Трамп го злопупотребил својот налог преку кој ги повикувал своите приврзаници да извршѓат насилен упад во Конгресот и се обидел да направи државен удар.

Оваа одлука само укажува дека Трамп полесно ќе се врати во Белата куќа како претседател отколку да добие нов налог на Твитер. Што се однесува до забраната за ББЦ да се емитува во Кина, од економска гледна точка се чини дека британската телевизиска мрежа ќе загуби над милијарда ипол гледачи или една третина од вкупниот светски пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 5 =