Андоновиќ: Трамп дозволи трансфер на власта но не го признава изборниот пораз

You must need to login..!

Опис

Бајден го формира претседателскиот кабинет Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека дозволува покренување на процесот за пренос на власта од неговата на идната амдиистрација на Џоеф бајден во Белата куќ Трамп преку социјалната мрежа Твитер напиша дека не ја признава победата на Бајден на претседателските избори, но дека во интерес на САД е тој да го дозволи мирниот транфер на власта. Трамп во свој стил најави дека не ги признава резултатите од изборите и дека во наедниот период , како што рече, ќе ја продлжи борбата за правда во обид судски да ја демонстира , како што ја нарече изборната измама.

Трамп ја повика главната администраторка администратор во Службата за општа администрација (ГСА), Емили (Марфи) и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи Улогата на службата за општа администрација (ГСА) е да го поддржува основните функции на американските сојузни агенции и министерства. Инаку на овој чекор Трамп се одлучи откако официјални лица од сојузната држава Мичиген синоќа го сертифицираа Бајден за победник на претседателските избори, а тоа наскоро се очекува да го сторат и властите во Пенсилванија.

Во меќувреме новоизбраниот американски претседател Џо Бајден започна да ги номинира имињата на неговиот рпетсеателски тим. Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, Од другите номинации за високи национални безбедносни позиции во неговата администрација. Тимот на Бајден го избра Алехандро Мајорка за секретар за национална безбедност, Ејвори Хејнс ќе биде назначен за шеф на националната разузнавачка служба, Линда Томас-Гринфилд ќе биде амбасадор на САД во Обединетите нации, Џеј Сулива ќе биде советник за национална безбедност и Џон Кери ќе биде специјален пратеник на претседателот за климатски промени.

„Под администрацијата на Бајден-Харис, американската национална безбедност и надворешната политика ќе бидат водени од искусни професионалци подготвени да го вратат принципиелното лидерство на светската сцена и достоинственото лидерство дома“, рекоа Бајден и Камала Харис на официјалниот профил на Твитер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =