Андоновиќ: Трамп го демонополизира Твитер и Фејсбук: Отвори нова комуникациска платформа

You must need to login..!

Опис

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во обид да ги демонополизира социјалните мрежи Твитер и Фејсбук отвори страница на која објавува пораки што другите можат да ги споделуваат на социјалните мрежи. Трамп отвори простор на својата веб-страница каде што може да објавува пораки што другите можат да ги споделуваат на Твитер и Фејсбук, на кои му е суспендиран личниот профил. Веб-страницата наречена ,Директно од масата на Доналд Џеј. Трамп“ уследи еден ден пред одлуката на Фејсбук дали суспензијата на Трамп да се продолжи на неопределено време. Налозите на Трамп се суспендирани поради страв од понатамошни насилни нереди по упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари годинава. Трамп, кој ја напушти председателската функција на 20 јануари, тврди дека ги загубил минатогодишните избори од демократот Бајден, поради изборната измама на гласачите која била реализирана преку социјалните мрежи. Поранешниот претседател испрати и кратки соопштенија за медиуми преку е-пошта.

Твитер објави дека трајно ја суспендира сметката на Трамп, дури и ако тој повторно се кандидира за таа позиција. Јутјуб објави дека ќе го врати каналот на Трамп кога ќе процени дека ризикот од насилство е намален. Обидот да се демонополизираат социјалните мрежи Твитер Фејсбук ЈУ тјуб и останатите прва ја започна Руси ја чија социјална мрежа „ВКонтакте“ неодамна промовираше нова мобилна апликација со легална музичка содржина за корисниците на уредите на „Епл“. Покрај тоа, пуштена во употреба е услуга што овозможува онлајн испраќање пари во рамките на лични пораки, како и можност за размена на говорни пораки. ВК е најпопуларна социјална мрежа во Русија и деветта најпристапна веб-страница во светот, според слична веб-страница, со 477 милиони сметки. Платформата е слична на Фејсбук и има карактеристики како што се објавување текстови, фотографии и видеа, како и групи, оригинални музички услуги и алатки за рекламирање. Достапна во веб-верзии и апликации за Windows, Android и iOS и овозможува да изберете од 86 опции за јазик, межу кои англискиот. Мрежата е основана од Русинот Павел Дуров во септември 2006 година.

Првично, мрежата беше наменета за млади луѓе, но подоцна, поради нејзината едноставност и популарност, ја користеа постарите генерации. За разлика од Фејсбук, сметката се отвора со лозинка, која корисникот ја добива преку СМС и не се користи е-пошта за отворање на сметката. Vkontakte има поддршка и на уредите со Android и Symbian.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − fourteen =