Андоновиќ: Тензии во Црна гора – владата на Кривокапиќ пред оставка поради резолуцијата за Сребреница

You must need to login..!

Опис

Лидерите на партиите што го сочинуваат парламентарното мнозинство во Црна Гора ќе се состанат во четврток во 17 часот за да разговараат за понатамошните чекори со цел надминување на актуелната политичка криза, предизвикана од усвоената резолуција на црногорскиот Парламент за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата беше предложена од од Бошњачката партија и опфаќа осуда на извршениот геноцид врз муслиманите во Сребреница од страна на српските воени сили за време на граѓанската во Босна во деведесетите години на минатиот век. На оваа резолуција му претходеше неколку месечното натегање на министерот за Малцинство во владата на Кривокапиќ, Владимир Лепосавиќ, кој како припадник на српското население кое живее во Црнагора одбиваше да ја прифати расправата за резолуцијата за геноцид. Ден пред донесувањето на одлуката за осуда на геноцидот во сребреница, беше разрешен минисетерот Лепосавиќ, кој преставуваше поселедна пречка за доснеувањето на оваа резолуција. Овој потег на премиерот Кривокапиќ и црногорското собрание предизвика жестоки реакции меќу србите кои живеат во Црнагора но и во Белград,

Имено партиите на српското население во Црнагора, сметаат дека благодарејќи на нивната подршка Кривокапиќ станал премиер Поради ова тие се почуствуваа измамени поради промената на политиката на Кривокапиќ. особено што тој благодарејќки на српската подршка на миантогодишните избори и литиите на српската православна црква во Црнагора успеаа да ја урнат 30 годишното владеење на Мило Ѓукановиќ и го поставија Кровокапиќ за нивен преставник. Откако црногорскиот премиер не се договори да го озакони имотот на СПЦ во Црнагора, но и оваа резолуција, србите и српските партии во Црнагора бараат оставка на актуелната влада За оваа политчка криза дополнителен удел има и Белград.. Освен што се почусвува изневерен од црногорскиот братски народ, Србија смета дека со оваа резолуција се осудува цел еден народ односно дека србите се геноциден народ а Србија геноцидна држава. Црна гора пак оцени дека Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не е насочена против ниеден народ и држава, а најмалку против српскиот народ и Србија и дека однесувањето на српските власти по усвојувањето на тој документ не смее биде начин на меѓудржавна комуникација и севкупните односи. Актуелниот престедател Мило Ѓукановиќ чија партија ги загуби минатогодишните избори и кој Белград го се смета за главен инспиратор за нарушувањето на односите со Србија, обвини дека Србија манипулира со резолуцијата за геноциод бидејќи сака да ја ставио под конторла владата во Подгорица. Односите на до неодамна двете блиски и братски држави дополнително се усложнети поради одлуката на Црнагора како земја членка на НАТО да ја признае независноста на Косово, што предизвика и двете држави да ги повлечат своите амбасадори и така подолго време да имаат прекин во меѓусебните дипломатски односи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + three =