Андоновиќ: Судирот меѓу Москва и западот се префрла во Белорусија?

You must need to login..!

Опис

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон со кој строго се ограничува дејноста на медиумите во државата и им се дозволува на властите да ги затворат без судски налог. Новиот закон им забранува на медиумите да известуваат за неовластени масовни настани во живо. Исто така, му овозможува на Министерството за информации да затвори медиум, мерка за која досега се бараше судска пресуда. Нормативниот акт исто така забранува објавување на резултати од неовластено истражување на јавното мислење. На новинарите им е забрането да учествуваат во протести. Беолруската асоцијација на новинари оцени дека се работи за досега најрепресивен закон за медиуми во Европа, со кој работата на новинарите во Белорусија се претвора во, како што беше оценето минско поле, Оваа одлука на Лукашенко дополнително ги заостри односите на Минск и ЕУ по завчерашниот инцидент кога белруските власти принудно слетаа патнички авион на . Рајнер да слета во Минск кој од Атина патувал за литванската престолнина Вилнус. Патничкиот авион бил принуден да слета во Минск бидејќи во него патувал опозицониот новинар и блогер Роман Протасевич, кој е обвинет дека а лиферувал опозициони вести насочени кон актуелниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

Полицијата го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. По апсењето на Проташевич и неговата девојка, авонот на Рајнер бил пуптен да ја продложи својата дестинација кон Рига. Инцидентот беше осуден од Западот и уште еднаш привлече внимание за репресиите на белоруските власти врз медиумите по протестите во земјата против реизборот на претседателот Лукашенко во август. По жестоките осуди на ЕУ, властите во Минсдк соопштија дека не го принудиле патничкиот авион принудно да слета во Минск, туку тоа го сторил пилотот на авионот по наводната електронска дојава на ерорстичката организација Хамас, која наводно го информирала екипажот дека во авионот се наоѓа бомба. Оваа верзија воедно беше и прифатлива за официјална Москва која соопшти дека белоруските власти постапиле според протоколите, а осудите на западот ги окфалификува како негативна координирана реакција на ЕУ Нато Обсе и САД против руските сјузници. Наспорти ова, ЕУ најави санкции кон Белорусија и ја суспендираше помошта од 3 милијарди евра која Брисел ја подготвуваше за Белорусија како економски инвестициски пакет. САД и останатите држави од западот побараа итно ослободување на новинарот Проташевич, и истрага за наводното кршење на човековите права и слобода на медиумите. Дополнинтелна тензија на релација Белорусија ЕУ се случи вчера кога за време на Светскиот шампионат во Хкеј кој се одржува во Летонија Белоруското државно знаме беше заменето со знамето на белруската опозиција На местото каде што беа подигнати знамињата на земјите учеснички на Светскиот шампионат во хокеј, што е во тек, белоруското национално знаме беше заменето со црвено-бело знаме на белоруската опозиција.

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи изјави дека ваквите провокативни активности не можат да останат без одговор. Тој ги обвини Градоначалникот на главниот летонски град Рига, и министерот за надворешни работи на Летонија, дека учествувале во замената на знамето. Тие пак изјавија дека меѓу знамињата на Светскиот шампионат во хокеј, го кренале знамето на слободна Белорусија доека пак актуелното државно знаме на Белорусија го симболизира режимот, диктатурата и државниот тероризам н Александар Лукашенко изјавијха летонските функционери . Поради ова, Белорусија го протера амбасадорот и целиот персонал на Летонската амбасада во Минск, така заострувајќи ги односите во регионот околу Балтикот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 7 =