Андоновиќ: Средствата наменети за СЗО, Трамп ги пренасочи на сметка на Американците со минимални приходи

You must need to login..!

Опис

Светот ја надмина бројката од 2 милиони заразени. Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.044.865 лица. Од нив починати се 131.393, а оздравеле повеќе од пола милион или 505.282 луѓе. Италија денеска бележи благ пад во однос на вчерашниот ден со нови 578 починати со што вкупниот број се искачи на 21.645 смртни случаи. Италија и натаму е на второ место во светот по бројот на жртви, веднаш по САД.

Во САД втор ден по ред со рекорден број починати од Ковид-19 во последните 24 часа, од коронавирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.

Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле. Гувернерите на 20 држави во кои има заразени веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата.

Оптимист е и Доналд Трамп кој смета дека САД го минале пикот на пандемијата на коронавирусот.
Во насока за заживување на економијата Министерството за финансии на САД ја почна исплатата на 1.200 долари за Американците кои добиваат минимална и просечна плата. Тоа се пари што ќе ги добијат во рамките на мерките за стимулација на економијата, а ќе бидат со печат и потпис на претседателот Доналд Трамп. Околу 80 милиони Американци ќе добијат еднократни исплати во висина од 1.200 долари за секој даночен обврзник.

Според „Вашингтон пост“ Министерството дало наредба на левиот дел од чекот да стои „претседател Доналд Трамп” и негов потпис.

Постапката со исплата на овие средства е оценето како уште еден обид на претседателот Трамп проблемот со пандемијата од коронавирус да го решава со политички средства.

Во меѓувреме не стивнуваат и реакциите на одлуката да се укине американското финансирање на СЗО. Оттаму изразија жалење за одлуката потсетувајки го Вашингтон дека Ковид-19 не прави разлика помеѓу богатите и сиромашните нации, и дека мора светот обединето да влезе во борба против заедничка закана.

Она што сега се поставува како главно прашање е колку суспендираните американски финансии можат да влијаат врз ефикасната работа на СЗО и пронаоѓање на вакцината против коронавирусот, анализира новинарот Дејан Андоновиќ за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Прогнозите се дека вакцината би можела да биде пронајдена до крајот на годината. Јасно е дека без вакцина, коронавирусот ќе остане глобална закана за човештвото. Дали запрените финансии можат да го одлговлечат пронаоѓањето и производството на ефикасна вакцина за сузбивање на оваа инфекција?. И дали трендот на постепеното ублажување на мерките на одредени држави можат да се вратат како бумеранг со евентуално враќање на вирусот или можен втор бран на пандемијата? Ова се дел од дилемите кои ќе бидат во фокусот на јаваноста во наредниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + 1 =