Андоновиќ: Србија да се извини и да врати три милијарди евра воена одтштета па потоа дијалог – услов на владата на Курти

You must need to login..!

Опис

Србија треба да врати околу три милијарди евра долг и да понуди одштета за уништената инфраструктура како надокнада за воените страдања и жртвите. Вака гласи условот на новиот премиер на Косово Албин Курти чија влада вчера беше избрана во Косовоското собрание. Лидерот на Самоопределување и нов косовски премеир вчера по изгласувањето на владиниот кабинет во собрание изјави дека приоритетите на негоата лево-ориентирана реформска партија ќе бидат развојот на економијата, борбата против невработеноста, борбата против пандемијата на Ковид-19, развојот на човековите права, јакнење на безбедноста на државата и на човековите права на сите граѓани без оглед на нивната припадност. Посебно ќе се залага за подигнување на квалитетот на образованието и за поголема социјална правда. Во однос на наворешната политика, Курти најави јакнење на врските со земјите сојузнички, пред се со Албанија и Соединетите Американски Држави, како и јакнење на заложбите за зачленување во НАТО и Европската унија. Курти порача дека неговата влада ќе се залага за добри односи со сосседните држави, додека од Србија очекува да се соочи со своите злосторства во Косово и најави дека ќе бара обесштетување за економските, финансиските и другите штети од војната и пред неа.

Оваа изјава на Курти претставува реализација на претходните негови најави дека дијалгот со Србија не му е во приоритетите. Тој смета дека независноста на Косово е завршена работа и дека тука нема што да се преговара. Дополнителните негови барања за евентуални разговори со Белград ,освен безусловоното признавање на независно Косово и извинувањето од Белград за војната ,се и одштетата од три милијарди евра и пред се отркивањето на субината на , како што рече над 1640 исчезнати граѓани за време на воениот конфликт. Без овие клучни потези , нема што да се разговара со Србија, е ставот на Курти. Токму овој став дополнително ги комплицира односите со Белград, чиј став е барање на дијалог но и отфрлање на признавањето на независноста на Косово.Различните ставови кои упатуваат дека односите Белград -Приштина не се ни одблиску до решение веќе се виде при вчерашниот избор и гласање на новата влада во Приштина. Српската листа , партија која ги претставува косовските срби, а е под директно влијание на официјален Белград, не гласаше за избор на новиот владин кабинет и покрај тоа што доби едно министерско место во владата на АЛбин Курти

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × two =