Андоновиќ: Со помалку демократија, поефикасно во борбата против коронавирусот

You must need to login..!

Опис

Пандемијата на коронавирусот го зафати речиси целиот свет и целосно го промени животот на луѓето. Бројот на заболени надмина еден милион и забрзано расте. Најголем број заразени има во САД, каде ситуацијата станува драматична.

Регистрирани се 25.061 нов случај, со што вкупниот број на заразени се искачи на 240.064. Во САД изминатото деноноќие починале 698 лица, а 5.800 од почетокот на пандемијата. Здравствените работници алармираат дека доколку продолжи сегашниот тренд на заболени, земјата за шест дена ќе се соочи со недостиг од респиратор. Економските експерти, пак, предупредуваат дека САД ги очекува најголемата рецесија во историјата на државата.

Во Италија вчера од коронавирус починаа 760 лица, а во Шпанија 709. Вкупниот број на починати во Италија надмина 13.000, а во Шпанија 10.000. Голем број жртви во последните 24 часа бележи и Франција каде почина 471 лице.

Италијанските власти предуваат дека Италија од здравствена преминува во економско-социјална криза. Се предупредува дека целиот здравствен систем на најпогодената област Ломбардија може да се распадне, доколку се распадне Милано каде во моментов има 10.000 заразени.

Под изговор дека сака да го избегне италијанското сценарио Србија воведе ригорозни мерки, можеби најрестриктивни во Европа. Претседателот Александар Вучиќ најави воведување продолжен полициски час за време на викендите.

Забраната за движење ќе запопочне во сабота во 13 часот и ќе трае до понеделник во 05 часот наутро. Во Србија до сега има 31 жртва од коронавирусот, а бројот на заразени достигна 1171 лице.

Постапката на Белград како и мерките кои се воведени од страна на поголем број држави од регионот наидоа на остри критики од страна на Европската комисија, но и организациите за човекови права. Се смета дека пандемијата од коронавирусот се злоупотребува од одредени власти за воведување на мека диктатура.

13 членки на ЕУ издадоа декларација со која се предупредува на ограничување на демократија со начинот и мерките за воведување на вобредната состојба. Унгарија и Виктор Орбан се критикувани за опцијата неговата влада да донесува одлуки без согласност од парламентот. На усвоениот таканаречен ,,корона закон“, се гледа како на недемократско однесување и кршење и долгорочно ограничување на демократијата и принципите на правната држава. Се бара воведување санкции и исклучување на партијатa на Oрбан од европската десница.

Критиките не го заобиколуваат и Белград чиј претседател воведува ригорозни мерки и во јавноста настапува заканувачки.

Во пресметката со политичарите за кои се сомнева дека ја злоупотребуваат состојбата со коронавирусот се вклучи и социјалната мрежа Твитер која соопшти дека презела акција за гасење на 8.558 налози со кои се промовирал српскиот претседател Вучиќ и неговата партија.

И додека трајат критиките на Европа на мерките кои ги спорведуваат балканските држави на теренот засега се покажува дека, примената на помалку демократските методи, даваат подобри резултати во борбата со пандемијата. Државите кои презедоа радикални мерки кои се на граница на полудиктатура, бележат линерано зголемување на бројот на заразени. Наспроти нив демократските методи како во случајот на Италија Шпанија и САД покажуваат експоненцијално и рапидно ширење на вирусот. Чии мерки се поефикасни веројатно ќе се сумира откако ќе заврши пандемијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =