Андоновиќ: Советот за безбедност на ОН и натаму маргинализиран и парализиран поради несогласувањата на САД и Кина за новиот коронавирус.

You must need to login..!

Опис

Најтешко погодените држави со коронавирусот Италија, Шпанија, Франција и Германија имаа причина за внимателен оптимизам. Според податоците во последните 24 часа укажуваат на намалување на бројката на починати во однос на претходните денови и недели.

Но, најголем предизвик за сите држави сега ќе биде како да се релаксираат постоечките вонредни мерки, а притоа да не дојде до новозаразени и починати. Се најавува можно постепено намалување на мерките и евентуално повторно заострување и ставање на сила доколку повторно ексалира бројката на заразени.

Кина која изминатата недела соопшти дека го победила и искоренила коронавирусот сега се соочува со повторно зголемување на бројката на заразени. Вкупно 39 новозаболени, за кои Кинезите се вадат дека се лица дојдени од странство, а не лица кои постојано живеат во Кина.

На европскиот континент, Британија забележа 621 новопочинати и 5.903 новозаразени со што досегашната бројка изнесува 4.934 умрени и 47.806 заразени.

Во оваа бројка е опфатен британскиот премиер Борис Џонсон кој и по 10 дена од констатирањето на инфекцијата од вирусот корона, и ненамалувањето на температурата синоќа е хоспитализиран. Од неговиот кабинет се обидоа да ја смират јавноста информирајќи дека се работи за рутински преглед и медицински испитувања, кои бараат хоспитализирање на пациентот.

Драматичноста се зголеми и со обраќањето на Британската крализа Елизабета втора. Таа четврти пат од нејзиното крунисување во 1953 година и се обрати на бртианската јавност повикувајки ги Британците на обединетост и решителност, храбрејки ги дека ќе се извојува и оваа битка.

Кралицата им се заблагодари на здравствените работници а во своето обраќање, актуелната состојба ја спореди со онаа кога како дете ја преживувала за време на Втората светска војна и бомбардирањето на Лондон.

И додека трае светската пандемија на коронавирусот, најголемото светско безбедносно тело, Советот за безбедност на Обединетите нации и натаму е парализиран. Амбасадорите на членките на светњката организација одлучија да работат преку видео врска и така да донесуваат одлуки и резолуции. Но, Русија се спротистави на оваа иницијатива сметајќи дека таквиот начин на работа е несериозен.

Но, главната причина за парализираноста и маргинализираниста на СБ при Обединети нации за време на пандемија се несогласувањата помеѓу САД и Кина за новиот коронавирус.

САД вршат притисок врз СБ да усвои резолуција во која се обвинува Кина дека намерно го пуштила Ковид-19 во светот. Но малку е веројатно дека оваа иницијатива ќе помине бидејки, Кина како постојана држава членка на СБ има право на вето и со сигурност ќе ја блокира американската инцијатива. САД беа обвинети дека овој обид во СБ да се осуди Кина всушност е дел од пошироката американска стратегија за отфрлање на одговорноста за сопствениот слаб одговор на ширењето на вирусот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − three =