Андоновиќ: СЗО бара контролирано укинување на мерките – САД бараат да се утврди виновникот за пандемијата

You must need to login..!

Опис

Бројката на инфицирани во светот од коронавирусот се искачи на 2 милиони заразени. Бројката на починати е 120.000, а излекувани или целосно оправени од болеста предизвикана од вирусот Ковид-19 изнесува 447.000 луѓе

Најголем број на починати има во САД каде досега се регистрирани повеќе од 23.000 жртви вирусот Ковид-19. Здравствените власти предупредуваат дека епидемијата оваа недела може да го достигне врвот во САД.

Во меѓувреме, американскиот претседател Трамп според тамошните медиуми наводно планира да го отпушти главниот епидемиолог, д-р Антони Фаучи. Иако за тоа досега нема потврда, сепак се шпекулира дека Фаучи кој е на оваа функција од 1984 година како раководител на Институтот за алергиски и инфективни заболувања, ќе биде отпуштен. Причина за ова е неговата вчерашна изјава во која тој предвидува дека никој не може да гарантира дека ќе се одржат престедателските избори и дека луѓето ќе излезат на избирачките места на изборите за претседател на САД во ноември.

Секогаш постои можност да се појави нов бран на коронавирусот на почетокот од зимата. велат американските здравствени власти.

Во меѓувреме по најавите на одредени држави во светот дека планираат намалување на рестриктивните и превентивни мерки. СЗО предупреди дека прераното укинување на мерките што се воведени заради спречување на ширењето на Ковид-19, можат да доведат до појава на втор бран на пандемијата.

Коронавирусот е 10 пати посмртоносен од свинскиот грип и затоа мерките треба да се укинуваат полека и контролирано апелираат од СЗО.

Тие посочуваат дека има неколку неопходни критериуми до кои земјите треба да се држат при разгледување на укинувањето на мерките на социјална дистанца,

СЗО оцени и дека коронавирусот нема да исчезне, и дека и во иднина ќе мораме да се штитиме, а луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило.

Општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност”, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време, наведуваат прогнозите од СЗО.

И додека здравствените експерти се занимаваат со лекување и последиците од коронавирусот, политичарите се уште се обидуваат да го лоцираат виновникот за причините за појавата на оваа пандемија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини кинеската Комунистичка партија дека навремено не го предупредила светот за коронавирусот, и дека навреме не ги дале сите информации.

Запрашан дали Кина треба да биде сметана за одговорна за пандемијата, државниот секретар изјави дека за ова прашање ќе мора да се дебатира и истражува на меѓународно ниво, и дека ќе дојде времето кога од виновниците ќе биде побарана одговорност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 2 =