Андоновиќ: Се подготвува најголема тенковска битка по втроата светска војна? Во наредните 2 недели ќе се решава судбината на Украина

You must need to login..!

Опис

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влегува во 47-ми ден.

Продолжуваат прегрупирањата на руската армија во реонот околу вториот по големина уркаински град Харков и регионот на Донбас. Според извештаите, Русија коцентрира големи пешадиски и оклопни сили околу реонот на Донбас и најеворјатно целта е целосно потиснување на уркаинските безбедносни сили од оваа област.

Според непотврдени информации Русија во целиот тој реон има на рсполагање околу 100 илјади војници. И украинската армија чија присутност на теренот во минатите 47 дена не беше забелешана, е вкопана околу роенот на Донбас. Според проценките, украинците таму имаат околу 80 илјади војници и голем број на тенкови.

Се претпоставива дека ваквата голема концетрација на двете армии всушност води кон директен судир и се смета дека се поизвесно е дека во наредниве денови ќе дојде до најголема копнено- тенковска битка по втората светска војна.

Руската стратегија најверојатно е насочена кон влегување во директен судир со Украинската армија. Сттатегијата на Москва, според добрите позанавачи на стостојбите, е да се обиде да ги навлече уркаинските трупи во директен судир. И доколку успее да ги порази, да го уништи борбениот капацитет на украинците, кои после ваквиот исход, нема да имаат веќе борбено- одбрамбен капацитет. По ова руската армија многу полесно би можела да ги освои останатите градови.

Дека се навестува голема копнена битка потврдува и одлуката на Рускиот претседател Владимир Путин да го назначи армискиот генерал Александар Владимирович Двориков за командант на заедничките руски сили во Украина. Досега немаше заедничка команда за спроведувањето на „специјалната воена операција“ во Украина, а регионалните руски воени команданти се покажа дека очигледно немаа добра координација.

Армискиот генерал Александар Владимирович Двориков, кој го доби највисокото руско одликување поради неговите воени заслуги во Сирија, важи за бескрупулозен воен командат кој не бира срества да ги исполни зацртаните воени цели.

Се позивесниот голем воен судир, од чиј исход многумина сметаат дека ќе го одреди крајот на војната, го потврди и советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак кој изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас.

„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“. смета тој.

Сите овие најави и случиувања на теренот покажуваат дека крвопрлевањето во Украина е далеку од завршено. На сето ова треба да се додаде и изјавата на лидерто на чеченските борци кои се борат на страната на Русија , Рамзан Кадиров, кој изјави дека руските сили ќе започнат офанзива, не само на опколеното пристаниште Мариупол, туку и на Киев и други украински градови.

  • Ќе има офанзива, не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села – изјави Кадиров во видеото објавено на неговиот канал Телеграм.
    Очигледно е дека наредните две недели се клучни за исходот од руската спецјална операција во Украина. Доколку Русија успее да ја порази украинската армија во битката за Донбас, веројатно ќе може полесно да ги трасира своите геостратешки одбрамбени цели во своето влијание во Украина. Во спртивно, Русија ќе се соочи со невиден воен и политiчки пораз, најголем во поновата историја.

Останува и прашањето, што доколку соедната Финска и Шведска , како неутрални држави сепак ги реализираат најaвите и станат членки на НАТО ? И кој би бил одговорот на Москва доклку се здобие со нови НАТО членки на своите граници?

Одговори на сите овие прашања ќе бидат познати најверојатно во наредните две недели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 − eight =