Андоновиќ: Се отвора најдолгиот фронт меѓу НАТО и Русија – Украина ги принуди неутралните Финска и Шведска да велазат во НАТО

You must need to login..!

Опис

Финските власти објавија дека ќе се приклучат на Северноатлантската алијанса-, со што ставија крај на воената неутралност на нивната земја, која датира од 1948 година.

Причина за ова е руската воена инвазија врз Украина што ги подгреа стравувањата на овие две нордиски држави, кои го имаат неутралниот статус, да побараат заштита од НАТО.

Ова практично значи дека сакајќи да ја демилитаризира и да ја принуди Украина да се откаже од барањата за влез во НАТО, практично ги разбуди амбициите на Шведска и Финска да побараат членство во алијансата. Овие две држави успеаа да останат неутрални и за време на студената војна, и воедно преставува историско прекројување на безбедносната мапа на Европа.

Со влезот на Финска и Шведска во НАТО, границата помеѓу Русија и алијансата ќе се зголеми за 1300 километри.

Ваквата одлука предизвика гнев и негодување на Москва, од која веќе пристигнаа предупредувања, но и закани за оваа скандинавска земја поради нејзините аспирации да стане членка на алијансата . Оваа одлука ќе биде официјализирана на самитот на НАТО во јуни годинава, а Финска и Шведска би можеле да станат полноправни членки само кога членките на сите 30 земји ќе ја ратификуваат оваа одлука.

Москва веќе предупреди дека поради тоа ќе преземе одредени чекори, а оваа тема се актуелизираше во Русија иднетично како и војната во Украина.

Некои руски воени аналитичари наведуваат и за тоа како Москва би можела да реагира, како и што треба да направи Русија во случај Финска да се приклучи кон НАТО.

Многумина воени аланлитичари сметаат дека на Руската Федерација ќе и бидат потребни 5-7 години и многу пари за да распореди одржлива воена инфраструктура заснована на сили за општа намена во оваа насока за да се спротивстави на новата закана.

Особено се предупредува дека по влезот во НАТО, на територијата на Финска НАТО може да распореди високо софистицирано оружје, вклучително и тактичко нуклеарно оружје.

Згора на тоа, ситуацијата е комплицирана од фактот што локалните фински националисти имаат територијални претензии кон Русија. Овие тврдења се уште не се официјално официјализирани, но тие можат да бидат поднесени во секое време. Во исто време, Русија нема доволно сили за општа намена во оваа насока за веднаш и брзо да се спротивстави на ударот сметаат дел од експертите.

Оттаму и опциите дека за Русија да се одбрани ќе мора да ја промени воено-стратешката ситуација, со пренесување на тактичко нуклеарно оружје на трупите на Западниот воен округ и Балтичката флота, велат руски воени алалитичари Коротченко.

Изјавата на финскиот врв за влез на земјата во НАТО е радикална промена на надворешнополитичкиот курс. Русија ќе биде принудена на реципрочни чекори од воено-техничка и друга природа за да ги елиминира заканите поради влезот на Финска и Шведска во НАТО, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × 5 =