Андоновиќ: Северна Кореја со закани кон САД – ги игнорира повиците на Бајден

You must need to login..!

Опис

Северна Кореја во своето прво официјално обраќање до администрацијата на ЏО Бајден се закани дека Бајденовата администрација мора да ја преиспита својата поитика кон ПЈонг јанг, доколку сака да има мирен претседателски мандат во наредните четири години. Закана дојде од сестрата на севернокорејскиот лидер Ким џонг Ун, Ким Јо Џонг , за која повеќе месеци се шпкулира дека е идниот луидер на комунистичка кореја..Таа во својата закана му укажува на Бајден дека треба да прекине со ширење на лажна и лицемерна политиа и дека доколку сака мир вонаредните четири години, да се возджи од реториката која беше присутна изминатите 50 години. Пјонг јанг е изиритиран од најавените воени вежби на американсата и Јуќно корејскта армија, кои традиционално се одржуваат секоја година уште од поделбата на Корејскиот полуостров во 1953 година. По претседателствувањето на Доналд Трамп, имаше обиди за смирување на непријатечствата и прд се постигување на партнерство, кога во Виетнам на два пати се сретнаа Трамп и Ким ЏОнг Ун.

Иако не беа постигнати некои огромни договори меќу двајцата завојувани лидери, сепак средбите предизвикаа оптимизам дека Вашингтон ќе гиукине повеќе децениските непријателчства и снкциикн Северна кореја и ке се откаже од рушењето на комунистичкиот режим во Пјонг Јанг. Сега, по промената на власта воБелата куќа и најавите на новиот претседател Бајден за запирање на ширењето на атомско оружје, Северна кореја очигледно се најде засегната од овие политики на одстапување на Вашингтон но и ветувањата на Трамп за мир, чии детали од договорот со Ким Џонг Ун засега не се познати во јавноста Во меѓувреме, администрацијата во Вашингтон на неколкупатисоопшти дека Ким Јонг Ун не одговара на повиците на Бајден и обидите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да воспостави неформален дипломатски контакт, Отворено е прашањето каков пристап ќе има администрацијата на Бајден кон Пјонгјанг, во врска со прашањата за нуклеарно оружје и балистички ракети Анонимен американски официјален претставник вели дека администрацијата на Бајден неколку пати се обидела да стапи во контакт со Пјонгјанг, почнувајќи од средината на февруари годинава, но нема одговор. Севернокорејската мисија во ОН, преку која исто така имало обиди да се воспостави контакт, не одговорила на барањето за коментар.

Администрацијата на Бајден досега претпазливо зборуваше за односите со Северна Кореја, но најави ревизија на претходно воспоставените врски меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Ким Јонг Ун. Трамп, сепак, не успеа да го убеди Ким да се откаже од својот нуклеарен арсенал. Официјален претставник на сегашната администрација вели дека немало контакт со Пјонгјанг претходната година, и покрај бројните обиди на САД. За време на кампањата, Бајден го опиша Ким како криминалец и рече дека ќе се сретне со него само ако се согласи да го укине нуклеарниот арсенал. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен сè уште нема кажано ништо за евентуални нови санкции против Северна Кореја. Санкциите досега не дадоа резултати. Извештај на ОН покажа дека Северна Кореја продолжила да ја развива својата нуклеарна и ракетна програма во текот на 2020 година, и покрај меѓународните санкции, и оти за тоа обезбедила 300 милиони долари преку кибер-напад

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + sixteen =