🎥 📞 Андоновиќ: Светот во очекување на добивање одговор во која фаза е пандемијата на коронавирусот и дали Ким Џонг Ун е жив?

You must need to login..!

Опис

Светот во моментов се наоѓа во една недефинирана фаза, кога по растечките и апокалиптични информации за починати, заразени лица во најразвиените држави во светот, сега полека се чини дека пандемијата забавува или полека исчезнува.

Сите од државите кои беа во пикот на коронавирусот, полека најавуваат намалување на рестрективните мерки кои во изминатите недели беа на сила. Три милиони заразени и 207 илјади починати. Според овие статистики излекувани се 878.997 лица. Ова е оптимистична бројка, ако се земе предвид дека се уште не е пронајден ниту лек ниту вакцина за коронавирусот.

Останува дилемата дали го поминавме пикот или допрва доаѓа? Дали коронавирусот е пред исчезнување или се подготвува да мутира и да удри во втор бран?

Дали можеби треба да се подготвиме за живот под неговата закана или ќе го третираме како сезонска инфекција?

Андоновиќ: Во сенка на коронавирусот започна полека реализацијата на политичките проекти кои беа најавувани пред појавата на пандемијата

Државите најавуваат и отворање на границите и почеток на функционирање на дејностите кои до сега беа затворени. Во која фаза ќе оди пандемијата останува да видиме. Факт е дека светот, барем во догледно време нема да биде онаков на каков досега бевме навикнати.

Во сенка на коронавирусот започна полека реализацијата на политичките проекти кои беа најавувани пред појавата на пандемијата. Во Сирија продолжуваат судирите, а сиријската армија според извештаите, урива ракети истрелани од страна на опозицијата кон престолнината Дамаск. Неодамна избраниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху најавува анектирање на деловите од Западниот брег нешто што беше договорено со подршка на Вашингтон како план за решавање на проблемот со Палестинците. Да потсетиме САД му дадоа поддршка на Израел да анектира одредени населби на палестинските територии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека, со поддршка на САД ќе може да анектира поголеми делови од Западен Брег. Нетанјаху истакна дека блискоисточниот план на Трамп предвидува десетина населби, како и долината Јордан, да бидат под контрола на Израел.

Андоновиќ: Сите од државите кои беа во пикот на коронавирусот, полека најавуваат намалување на рестрективните мерки кои во изминатите недели беа на сила

Се стравува дека Израелската анексија на Западен Брег би предизвикала осуда од меѓународната заедница. Исто така тоа би ја уништило и надежта за формирање на независна палестинска држава.

Палестинците, со меѓународна поддршка бараа целиот Западен Брег да биде дел од идната независна држава. Тие веќе се заканија дека ќе се откажат од постоечките мировни договори доколку Натенјаху продолжи да го спроведува својот план.

Во меѓувреме останува енигмата за тоа дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е жив или починат. Дел од медиумите шпекулираат дека тој е починати и дека веќе се бара негов наследник. Тоа е неговата сестра која изминатите години откако тој е на власт го следеше на речиси сите негови активности и медиумски настапи. Како втора опција се споменува неговата тетка, Ким Кјонг-хуи, која не се појавува во јавност откако Ким нареди да се убие нејзиниот сопруг. Засега барем официјално владата во Пјонгјанг не ги потврдува ниту ги демантира наводите за состојбата на Ким. Последно што како официјална информација доаѓа за севернокорејскиот лидер е писмото кое наводно тој го испратил како благодарност до градежните работници кои работат на една туристичка локација во Северна Кореја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + seventeen =