Андоновиќ: САД се подготвуваат во исто време за инагурација на нов и за импичмент на стариот претседател

You must need to login..!

Опис

За прв пат во историјата САД се сочуваат со подготовка за инагурација на нов претседател и за отповикување на стариот И покрај не давањето на согласност на републиканските преставници, Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Доналд Трамп врз основа на 25-от амандман Резолуцијата го повикува потпретседателот Мајк Пенс да поведе постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде ослободен од должностите Отстранувањето на претседателот, според 25-от амандман, подразбира дека потпретседателот и мнозинството членови на кабинетот на претседателот изјавуваат дека претседателот не е способен да ја извршува својата уставна должност. Потпретседателот Мајк Пенс има рок од 24 часа да каже дали е подготвен да постапи според усвоената резолуција.

Но пред гласањето, Пенс ја информираше спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дека се спротивставува на активирање на 25-от амандман. Пенс изјави дека не верува дека евентуалното поведување постапка против Трамп е во интерес на нацијата најавувајќки дека дека енергијата на сегашната администрација е насочена кон обезбедување на уреден трансфер на власта и тој апелираше до неа и до другите членови на Конгресот да избегнуваат потези што „дополнително ќе ги поделат граѓаните и ќе ги разгорат страстите“. И покрај противењето на Пенс демократите денска ќе гласаат за оваа резолуција . Доколку Претстваничкиот дом го отповика Доналд Трамп, тој ќе стане единствениот американски претседател кому ова му се случило двапати во текот на неговиот мандат.По ова во Сенатот треба да се одржи сослушување и да се донесе одлука дали Трамп ќе биде сменет од функцијата, и покрај фактот дека седницата веројатно ќе трае подолго од седумте дена, колку што преостанаа до истекот на неговиот мандат.

Но целта на демократите е преку оваа резолуција целсно да го сузбијат Трампизмот , однсно доколку биде отповикан добие забрана за занимавање со политика и неговите политички амбиции да биде претседателски кандидат на изборите во 2024 година, Трамп зад кого на последните иѐбори гласаа околу 74 милиони американци јавно изјави дека е подготвен да формира трета политичка опција, и на следните избори да им се спротистави на демократите и републиканците во трка за освојувања на власта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =