Андоновиќ: САД испраќа војници, Макрон во мировна мисија кај Путин – престрелки во Донбас – Украинската криза влегува во нова фаза

You must need to login..!

Опис

РУСИЈА ја осуди одлуката на САД да испрати дополнителни војници во Европа за да ги поддржи своите сојузници во НАТО поради постојаните стравувања од руска инвазија на Украина. Москва вели дека тоа бил „деструктивен чекор“ кој ги зголеми тензиите и го намали просторот за политичко решение на кризата.

Пентагон објави дека 2.000 американски војници од Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска и Германија, а дополнителни 1.000, кои веќе се во Германија, ќе одат во Романија. Русија има околу 100.000 војници на границата со Украина и негира дека планира инвазија на земјата.

Тензиите меѓу Русија и Украина повторно се појавија осум години откако Русија го анектира јужниот украински полуостров Крим и го поддржа крвавиот бунт во источниот регион Донбас. Москва ја обвинува украинската влада дека не го спроведува договорот од Минск, меѓународен договор за градење мир на истокот каде бунтовниците поддржани од Русија контролираат делови од територијата. Најмалку 14.000 луѓе беа убиени во 2014 година.

Во обид да се намалат тензиите во Москва на средба со Путин треба да пристигне францускиот претседател емануел Макрон. макрон подлг период најавуваше дека планир д апсоредува во конфликтот на НАТО САД и Укриаина со Русија, а финалната одлука за негово заминување во Москва дојде по синоќешните разговори со американскиот оретседател Бајден.
Макрон И Бајден договорија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница, соопшти Белата куќа.

Во телефонскиот разговор што се случи откако Макрон не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, „двајцата лидери ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, Тие разговараа и за „координацијата што во моментов е во тек на дипломатско и на ниво на подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина”.

Од крајот на 2021 година, Западот ја обвини Москва дека собрала десетици илјади војници во близина на украинската граница за можна инвазија.

Русија одговара дека нема намера да ја нападне Украина, туку дека само е загрижена за својата безбедност.

И додека светот е во очекување на потезите на Москва и на НАТО околу Украина, во нејизниот источен дел вчера додје до артилериски престерлки меќу проруските серпаратисти и руската армија. Престрелките беа кратки и не се јавува за жртви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

sixteen − twelve =