Андоновиќ: САД имаат план да и ја одземат НАЈСИЛНАТА АЛАТКА на Кремљ за УЦЕНА НА ЕВРОПА

You must need to login..!

Опис

Соединетите Американски Држави се обдуваат да му го одземат најјакото оружје на Путин- испораката на гасот со пренасочување на испораките на природен гас од целиот свет кон Европа
Американските власти се заканија дека ќе го суспеднираат проектот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина.

Како што расте стравот од инвазија на Украина, американските власти започнаа со преговори со светските добавувачи и со цел да се избегне руското условување и Европа да избегне ненадејно губење на топлинската енергија среде зима.

„За да се осигураме дека Европа може да ги преживее зимата и пролетта, се подоготвуваме да обезбедиме алтернативни залихи кои покриваат огромно мнозинство од потенцијалниот недостаток“, изјави висок функционер за Гардијан.

Подготовките за големи испораки на гас се дел од кампањата на САД и нивните европски сојузници да му покажат обединет и кохерентен фронт на Путин со надеж дека ќе го одвратат од планираната инвазија врз Украина.
Еден од главните алтернативни снабдувачи со гас е Катар, чиј емир, Тамим бин Хамад ал Тани треба да ја посети Белата куќа со цел да се воспостави , како што е најавено „стабилноста на глобалното снабдување со енергија“ .

  • Разговараме со многу компании и земји ширум светот. Не сме фокусирани на еден или двајца добавувачи. А притоа не мора да барате од ниту една поединечна компанија или земја да го зголеми извозот за значителни количини, туку помали количини од мноштво извори – велат од Вашингтон

Доколку гасот се пренасочува кон Европа, тој најмногу би требало да биде во форма на течен природен гас (ЛНГ), но во моментов целиот глобален пазар на ЛНГ нема да биде доволен да го надомести недостатокот доколку Русија го прекине снабдувањето со гас преку Украина до Европа.
Соединетите Држави се најголемиот светски извозник на течен природен гас од декември, надминувајќи го Катар. Според агенцијата Блумберг, повеќе од илјада товарни бродови отпловиле од САД минатата година, кои превезувале течен природен гас. Половина отиде во Азија, третина во Европа. Сепак, постои скептицизам дали САД можат целосно да ја компензираат загубата на гас што доаѓа од Русија.

Во целата оваа операција се очекува да се вклучи и Австралија која е една од водечките светски производители на течен природен гас (LNG) и е подготвена да го зголеми својот извоз во европските земји.
Министерот за трговија Ден Техан во денешното соопштение рече дека Австралија е „подготвена да ги поддржи своите пријатели и сојузници во сегашното предизвикувачко и сложено, геостратешко опкружување“.
Австралија, САД и Катар заедно обезбедуваат околу 50 отсто од светскиот природен гас испорачан со бродови, додека она што Русија го обезбедува е, преку гасоводи“.

Соединетите држави, исто така, соопштија дека подготвуваат ограничувања за извозот во Русија на високотехнолошки софтвер и хардвер произведени од Соединетите држави и нивните сојузници. Официјални лица рекоа дека мерките ќе влијаат на амбициите на Русија на полето на авијацијата, одбраната, ласерите и чувствителноста, поморската технологија, вештачката интелигенција и квантните компјутери.
АМерикаснкиот претседател Џо Бајден изјави и дека ќе размисли за воведување лични санкции кон самиот руски претседател Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 + four =