Андоновиќ: САД гарантираат дека војна во БиХ нема да има но дека санкции се извесни доколку РС и Додик не се држат до договореното

You must need to login..!

Опис

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан Габриел Ескобар е во Сараево каде на одовоени средби ќе разговара со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик Токму средбата со српскиот претсавник во ротирачкото тројно претседателство Додик е веројатно најмногу во фокусот на вниманието бидејќи изминативе недели во јавноста Додик упати сериозни забелешки околу функционирањето на федерацијата. Дотаму, што изминатиот период ниту тој ниту пак членовите на неговата партија ја бојкотираа работата на федералните институции. Во пресрет на посетата, Ескобар им порача на граѓаните на БиХ дека нема да има нова војна и оцени дека српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, „сака да ја заштити својата моќ и своите пари“.

Тој изјави дека санкциите за се готови и соние кои ја порпечуваат федерална Босна и Херцеговина се позивесни и дека никој во регионот не ја поддржува политиката на Додик, па дури ни Србија.

Додик вели дека во БиХ повеќе не поминува силата на меѓународниот фактор и ниту силата, ниту заканите не можат да дадат резултат. „Ескобар треба да знае дека БиХ може да има иднина само врз основа на Уставот на БиХ, за кој сите се согласија во 1995 година, и доколку нејзините народи и ентитети се борат за тоа, а не Американци, Руси, Европејци или високи претставници, изјави Додик во рпесрет на денешниот состанок со спецјалниот пратеник на американскиот престедател Џо Бајден, Ескобар. Средбата веројатно ќе биде доста напната ако се земе во рпедвид и најавите на срспкиот член на федералното престедателство кој синоќа повтрои дека Република Српска наскоро ќе формира своја војска и своја разузнавачка служба. За разлка од меѓународната заедница Додик и Србите во Босна и Херцеговина сметаат дека според Уставот БиХ немаат вооружени сили и дека Дејтонскиот мировен договор јасно им дозволува на ентитетите да имаат своја војска . Запрашан дали тоа значи дека Република Српска ќе формира, односно ќе ја врати армијата, Додик рече дека тоа е нејзино уставно право кое никогаш не е укинато. Тој рече дека се залага за мир, стабилност и уставно право и дека Република Српска ќе остане дел од БиХ со овластувањата што ги има според Уставот на БиХ. – Некои работи што се кажани не се одраз на реалноста. На територијата на Република Српска нема војска на БиХ, туку вооружени сили во кои мнозинството се Срби.

Нема потреба да се блокираат касарните, кога 90 отсто од припадниците на вооружените сили на БиХ во Република Српска се Срби. Сакам да нагласам и дека верувам во капацитетот на ЕУФОР и дека мандатот им е продолжен со одлука на ОН – рече Додик во интервјуто. Тој посочи дека Република Српска не сака ваква БиХ, туку каква што е предвидена со Дејтонскиот договор. – Се покажа дека БиХ како што е моментално организирана е декадентна со лажни реформи и други проблеми и дека како таква не може да опстане. Она што го сакам во име на народот што ме избра е да го бранам Дејтонското уредување на Република Српска и да го спроведам само она што е напишано таму, но да тежнеам кон некои високи цели кои се покажаа како имагинарни – изјави Додик додавајќи дека Република Српска не го признава Кристијан Шмит за висок претставник во БиХ и дека Шмит е „приватно лице кое може да мисли што сака“. Додик повтори дека зад преставникот на меѓународната заедница стои , како што рече муслиманската разузнавачка служба чија цел е да го укине постоењето на Република Српска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + six =