Андоновиќ: Русија постигнува воен напредок во Доњецк, Зеленски ги обвинува руските сили за геноцид

You must need to login..!

Опис

Војната во Украина влезе во својот 93-ти ден. Украинските сили соопштија дека Русија постигнала напредок во регионот на Доњецк.

Според последните извештаи руските копнени сили напредуваат кон стратешки важниот град Севернодњецк кој се очекува во наредните часови да биде целосно заземен. Жестоки борби с еводат и околу главниот сѕтратешки град Славјанск каде се концентрирани големи и добро вооружени украински воени единици кои го држат градот. Намерата на Руската армија е да го заземе Славјанск каде се наоѓа и главната врска за водоснабдување во целата Доњецка област. Се јавува дека повеќе недели градот Доњецк и останатите градови во руската сепаратисичка област се соочува со недостиг на вода. Според некои информации, токму овој проблем со водоснабдувањето била и главната причина за промената на стратегијата на руската воена коамнда која, за побрзо да го деблокира недостигот на вода ги повлекла сите воени единици кои претходно го држеа под опсада вториот по големина уркаински град Харков. Руската воена коамнда смета дека откако ќе ги освои градовите Севернодоњецк и Славјанск потоа лесно ќе се врати на старите позиции околу Харков кој се наоѓа во близината на руската граница и каде речиси и да нема позабележителни уркаиснки бобрени единици.

И украинските сили соопштија дека Русија постигнала напредок во источниот регион Доњецк и дека окупирала област на околу 16 километри оддалечена од важниот град Бахмут.
Според досегашните изветпаи, руската армија ја сосвоила речиси целосно Луганската област и сега главната битка се очекува да се случи во Доњецк, која се очекува да биде најголем копнен судир на две армии по втрата светска војна.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија води „политика на геноцид“ во Донбас, дека борбите таму во нарендите денови ќе бидат вистинско „Крвопролевање“

Со цел да и помогне на Украинската армија во борбите против руските сили администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе ги испрати напредните ракетни системи со долг дострел што ги бараат украинските воени команданти . Ваков тип на проектли досега не и беа испорачувани на Украина, и се очекува дека со нивна употреба би можел да се смени текот на војната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 + seven =