Андоновиќ: Русите нападнаа 40 градови во Донбас, Северодонецк наскоро би можел да биде отсечен

You must need to login..!

Опис

РУСКИ сили нападнаа повеќе од 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск, соопшти утрово украинската армија.

Во текот на изминатиот месец, руските сили се фокусираа на преземање целосна контрола над Донбас. Русија испрати илјадници војници во регионот и напаѓа од три страни во обид да ги опколи градовите Северодонецк и Лисичанск. Падот на овие градови би значел дека целиот Лугански регион е освоен од руската армија , што е една од клучните воени цели на Кремљ.

Стратешкиот град Северодонецк наскоро би можел целосно да биде отсечен
Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи неодамна ја обвини Русија дека користи тактика на „запалена земја“, однсоно уништува се прд сесбе во обид да го заземе Северодонецк.

Тој предупреди дека руските сили ги уништиле сите мостови на реката Доњецк, освен еден, и дека Северодонецк наскоро може целосно да биде отсечен.

Паралелно со воените операци на теренот се чинин дека Москва ја смени и политиката за и околу освоените градови во Украина.

Наспроти првичните најави дека руската армија влегува во Украина само да ја исчисти од нацистите и да воспостави денацификација и демилитаризација, сега Москва започна со отворена анексија на освоените територии. Сите украински градолви кои изминативе 91 ден од почетокот на рускиот напад се совоени , ќе бидат припоени кон руската држава. Ова значи дека сите граѓани од овие градови ќе добијат руско државјанство а освените територии ќе бидат ставени во платниот систем на руската центрана банка.


Оваа промена на политiката на Москва кон Украина само покажува дека по завршувањето на војната, Украина најверојатно ќе биде со целосно изменети граници и се чини со помала територија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × four =