Андоновиќ: Русите можат да потопат НАТО брод и пак нема да има трета светска војна,смета Путин

You must need to login..!

Опис

Дури и ако го потопивме британскиот разурнувач, тешко е да се поверува дека може да има трета светска војна. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин запрашан за неодамнешниот вооружен инцидент кога руската морнарица испукала неколку проектили врз британакиот борбен брод од класата разурнувач ,,Дифендер” кој навлегол во руски територијални води.

Светот знае дека никој не би излегол победник од таа војна. Ние сме на наша територија, не дојдовме кај нив, тие ја нарушија нашата граница – рече рускиот претседател Владимир Путин кој за прв пат се огласи во јавноста околу неодамнешниот инцидент.

Одговарајќи на прашањето дали светот е на на работ на третата Втора светска војна по инцидентот со британскиот брод „Дефендер“ во Црното Море. Путин оцени дека Целата провокација со бродот не ја направиле само Британците, туку и Американците. бидејќи, во моментот на инцидентот, американски стратешки шпионски авион полетал од аеродромот во базата на НАТО на Крит. Руските борбени сили го следеа а таа акција на Британците и Американците беше организирана провокација – објасни Путин.

Украина и Соединетите држави почнаа дво неделни воени вежби во Црното Море и јужна Украина, во кои учествуваат повеќе од 30 земји. На Вежбата наречена „ Sea Breeze 2021“ учествуваат 5.000 војници од НАТО и другите сојузнички земји, како и околу 30 бродови и 40 авиони. Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички активности за време на мултинационални мировни и безбедносни операции. Sea Breeze 2021 се случува во време на зголемување на тензиите меѓу НАТО и Москва.

Паралелно со бежбата на НАТО и Украина и Русија започна да тестира својата воздушна одбрана како одговор на воените вежби на Украина и САД Руската Црноморска флота соопшти дека распоредила 20 борбени авиони и хеликоптери, вклучително и бомбардери Су-24М, како и С-400 и ракетен систем Панцир со ракети земја-воздух. Вчера беше пријавен и мал воен инцидент кога неколку руски борбени авиони од типот ,,Сухои” надлетувале холандски боем брод на холандската воена морнарица учесничка на воената вежба. Холандскиот воен брод бил во близина на полуостровот Крим анектиран од Русија а непризнаен од западот и НАТО.. За НАТО тоа се украински а за Москва, руски територијални води што е и главен повод за обие инциденти.

Русија го анектираше Крим во 2014 година и тврди дека е руска територија, но полуостровот е меѓународно признат како дел од Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =