Андоновиќ: Ризичната игра на Трамп за профит во време на пандемијата му се врати како бумеранг – Ким сериозно болен, а нема наследник

You must need to login..!

Опис

Цените на нафтата паднаа во минус за прв пат во историјата, а причина за ова е тоа што светот има премногу нафта која нема каде да ја складира. Најмногу се погодени САД чија нафтена индустрија доживеа инфаркт. Цената на барел нафта падна под нулата, односно -37,63 долари. Тоа никогаш не се случило во историјата: нафтените компании дистрибуираат нафта бесплатно затоа што повеќе немаат каде да ја чуваат. Магацините се преполни, а купувачи нема.

Танкерите полни со нафта стојат пред пристаништата бидејќи немаат каде да патуваат. Ваков танкер за еден ден чини 75.000 долари, додека нафтените компании пред година дена го плаќале 25.000 долари. Така што, на сите повеќе им се исплаќа да ја подарат нафтата отколку за неа да плаќаат лежарина без никаква надеж дека ќе се продаде.

Падот на цените на нафтата во негатива е предизвикан од драматичниот пад на побарувачката како резултат на пандемијата на коронавирус и војна околу цените на нафтата помеѓу Саудиска Арабија и Русија. Тоа доведе до драстично намалување на побарувачката, а бидејќи Русија и Саудиска Арабија до неодамна дури и намерно го зголемија производството за да ги уништат американските произведувачи на нафта, пазарот преку ноќ беше преплавен, а капацитетот на складирање брзо пополнет.

До пад на цената на нафтата дојде и покрај тоа што Русија и Саудиска Арабија, под голем притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна се согласија за намалување на производството за 10 милиони барели дневно. Но, тие 10 милиони барели беа премалку бидејќи светската побарувачка за нафта падна за околу 30 милиони барели дневно. Поради тоа цената на нафтата не порасна како што очекуваше Трамп, туку се случи спротивното, цените на нафтата продолжија да паѓаат и сега отидоа во негатива.

За потсетување нафтата и гасот се едно од најсилните оружја на кои Трамп ја изгради својата надворешно-политичка стратегија за наметнување на американските интереси низ светот. Поради тоа, падот на цената на нафтата во негатива најдобро ја отсликува катастрофалната ситуација во која се најде светската економија поради пандемијата со Ковид-19, но истовремено е и потврда за губење на кредибилитетот на американскиот претседател Трамп. Непознато е колку ќе му треба на пазарот на нафтата за да се опорави. Не само што станува збор за краткорочен пад на побарувачката поради пандемијата, туку кризата сигурно ќе се продолжи и до доцната есен. Економската криза, падот на куповната моќ и губењето на работните места низ светот ќе принуди десетици милиони луѓе да штедат, а меѓу другото и помалку да трошат на гориво и патувања.

Како втора топ вест од светот се издвојува и здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за кого се вели дека се наоѓа во животна опасност по операцијата. Имено САД ги следат разузнавачките информации дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, е под сериозна опасност по операцијата,

Шпекулациите за неговата здравствена состојба беа предизвикани откако тој на 15 април ја пропушти прославата на роденденот на неговиот дедо Ким Џонг Илл. Тој беше виден четири дена пред тоа на состанокот на владата.

Друг официјален претставник на САД изјави во понеделникот за Си-Ен-Ен дека загриженоста за здравјето на Ким е веродостојна, но сериозноста е тешко да се процени. Медиумите шпекулираат дека Ким, наводно, имал операција како резултат на проблемите на кардиоваскуларен систем на 12 април поради „прекумерно пушење, дебелина и прекумерна работа“ и морал итно да се лекува.

Американските разузнавачи засега не успеваат да ја проверат веродостојноста на информациите. Она што се наметнува како главно прашање е доколку Ким не успее да продолжи да раководи со Северна Кореја, може да дојде до промена во владеењето на комунистичката династија. Ким власта ја доби од својот татко Ким Ил Сун, кој пак ја наследи власта од својот татко, а дедо на сегашниот претседател Ким Џонг Ил. Сегашниот Ким Џонг Ун нема наследник, па ќе биде тешко да се процени кој би го заземал местотот престедател на Северна Кореја. Но кој и да биде, тоа ќе значи крај на повеќедецениското управување на комунистичката династија Ким со Северна Кореја

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 6 =