Андоновиќ: Регионот на границата меѓу Полска и Литванија Сувалки, „Ахилова пета“ на НАТО?

You must need to login..!

Опис

Светот се повеќе се плаши од ескалација на руската инвазија на Украина и директен конфликт меѓу Русија и НАТО, а Москва веќе има два „центра“ среде Европа како почетна точка за отворање нов фронт и блокирање на алијансата – енклавата Калининград и Придњестровскиот сепаратистички регион.

Самиот Путин неодамна сугерираше дека неговите територијални апетити растат како што инвазијата на Украина се приближува кон петтиот месец, кога самиот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека Советскиот Сојуз е „историска Русија“. Путин на тој начин истакна дека поранешните советски земји се дел од руската сфера и дека ја ризикуваат судбината на Украина доколку тргнат против интересите на Москва А меѓу поранешните советски држави, кои се повеќе се загрижени за таквата судбина со развојот на настаните во Украина, се трите балтички држави.

Калининград – критично важно пристаниште уште од советско време – е достапно за остатокот од Русија по копно преку две други држави . Областа останува важна бидејќи во зима е без мраз, сметаат експертите . Најпрактичниот копнен пат од Москва до Калининград е преку Белорусија и Литванија.

Калининград го дели регионот на границата меѓу Полска и Литванија, Сувалки, од рускиот сојузник Белорусија, која се смета за „Ахилова пета“ на НАТО. Со окупирање на коридорот Сувалки на литванско-полската граница – исто како што гради копнен мост меѓу Русија и Крим – Путин би можел да ги поврзе руските трупи во Калининград, клучната руска станица, со оние стационирани во Белорусија, која, со владеењето на Лукашенко е де факто руски протекторат.

Тесниот копнен коридор би бил клучен за префрлање на силите на НАТО на Балтикот во случај на конфликт со Русија . Но, според извештаите има околу 200 илјади руски војници во енклавата Калининград, како и оние групирани во Белорусија, кои алијансата де факто ги смета за дел од руската армија. Евентуален синхронизиран руски напад од овие две точки би можел да го отсече Балтикот и Полска и да им овозможи на руските трупи да ги прегазат Литванија, Естонија и Летонија за само три дена, се наведува во студијата од RAND од 2016 година.

Во април, литванскиот министер за одбрана Арвидас Анушаускас предурпеди дека Русија веќе има нуклеарно оружје во балтичкиот регион и дека тоа било распоредено во Калининград уште пред да започне руската инвазија врз Украина . Како растеше стравот од инвазија врз Украина, Литванија најави дека ќе побара од САД трајно да стационираат војници во Литванија.


Литванија како прва од републиките која го напушти СССР е особено загрижена поради руската инвазија, а неодамнешните повици за поништување на нејзината „незаконска независност“ само ги поттикнаа овие стравови. Нов шок дојде викендов, кога литванската национална железница, во согласност со европските санкции, објави дека повеќе нема да дозволува транзит на одредени стоки преку нејзината територија од Белорусија до Калининград, вклучувајќи јаглен, метали и градежни материјали. На ова остро реагираше Москва која се закани со големи последици кон Литванија доколку не ја повлече одлуката. Засега од Москва доаѓаат само вербални закани, но светот е во исчекување што тоа Русија би можела да ја казни Украина. Евентуален руски воен напад врз Литванија како земја членка на НАТО ќе значи и директна војна меќу Русија и НАТО алијансата
Западните воени планери предупредуваат дека областа на коридорот Сувалки веројатно ќе биде една од првите цели на Путин доколку конфликтот во Украина ескалира и неговите сили влезат во директен конфликт со НАТО.


Не треба да се занемари уште една блиска област од стратешко значење што е во опасност од преплавување на конфликтот – Готланд. Најголемиот шведски остров е загрижен откако очекуваниот влез на Шведска и Финска во НАТО дополнително ја зголеми температурата во поширокиот регион на Балтичкото Море. Приклучувањето на двете скандинавски земји во алијансата би можело да и отежне на Русија да го отсече Балтикот од остатокот од Русија , но исто така ќе го претвори Балтичкото Море во она што некои го нарекуваат „Езеро на НАТО“, што би можело да и даде уште поголем поттик на Москва. да започне со уотреба на воена сила да изгради копнен мост до енклавата Калининград “

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 + seven =