Андоновиќ: Раскол помеѓу Кремљ и руските генерали? – По Шојгу, мистерии и за исчезнувањето на генералот Герасимов

You must need to login..!

Опис

Дека руските војници не напредуваат според првичните планови во Украина, докажува и фактот што Владимир Путин неодамна назначи нов генерал кој ќе го преземе раководството на „специјалната воена операција“, а станува збор за Александар Бортников. Сомнежите дополнително ги подгреаа информациите на Украинците дека Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, пред неколку дена пристигнал на истокот на земјата. Неговото доаѓање е придружено со бројни теории, од кои ниту една се уште не е официјално потврдена.

Според украинските разузнавачи, Герасимов пристигнал во источниот дел на Украина за викендот, со цел лично да ја оцени ситуацијата на фронтот.

Веднаш по тие информации, украинските сили извршија напад на една од позициите што ги посети Герасимов, источниот украински град Изум.

Иако некои медиуми тврдеа дека рускиот генерал тогаш бил ранет, неименувани официјални лица ги демантираат тие тврдења.

Руската армија потврди дека, генерал Герасимов навистина отпатувал за Украина, но само за да го провери напредувањето на трупите. Тој, според Москва ја напуштил Украина пред каков било напад, наведува Њујорк Тајмс.

Од друга страна иако некои руски функционери не сакаат да ја коментираат наводната посета на Герасимов, украинската армија тврди дека ја бомбардирала локацијата на која се наоѓал Герасимов.

Повеќе од 200 војници и еден генерал биле ранети во гранатирање на училиште во Изум, град кој од неодамна е под руска контрола.

Сепак, се посочува дека повредата на Герасимов е доволно тешка што тој е повлечен од украинскиот фронт на понатамошно лекување во Русија, па доколку ова се потврди ова ќе биде уште еден срамен удар за руските сили.

Наводите за ранувањето на на началникот на рускиот Генералштаб додјдоа за време на истиот напад во кој беше убиен рускиот генерал-мајор Андреј Симонов висок командант за електронско војување,

Инаку началникот на Генералштабот на Руската армија, Генерал Валериј Герасимов е познат командант на тенковските сили. Тој меѓу своите воени колеги низ светот се смета за еден од најдобрите теновски стратези кој успеал да ја подигне и разработи стратегијата на модерното тенковоското војување, вметнувајќи ги сите сегементи на модерните и технолошки достигнувања. Ако се земе во предвид дека битката за Донбас се смета за клучна во руската воена операција во Украина од која зависи нејзиниот успех, како и дека таа ќе биде најголемата тенковска битка по втората светска војна, логично е и присуството на генерал Герасимов.

Сешпак се подгреаа и шпекулаиците дека ланецот на командата меќу руските единици во Украина не функционира, што се смета за главаната причина на бавното напредување на руските борбени трупи во Украина.

Остана и енигмата каде исчезна легендарниот руски командант генерала АЛаександар Дворников. Дворников како херој на војната во Сирија, пред околу еден месец беше наименуван за главен командант на Руските сили во Украина, и имапе задача да ја подобри координацијата на руските трупи во освојувањето на уркаинските градови но и крпењето на отпорот на Украинската армија. Дворников беше познат и по прекарот „Касапот од АЛепо“, поради начинот на војување во Сирија и брутланоста на разрушувањето на овој сиријски град со цел да го скрши отпорот на исламските теорристи.

Дали Дворников е сменет од позицијата поради неуспех или можеби со целосното разрушување на Мариопул го сотваил својот генералски ракопис, останува да се види.
Веројатно наскоро ќе се види и каде е и што се случило со началникот на генералштабот на руската армија генерал Герасимов.

Слична мистерија околу рускиот највиоск воен врв се случи и со генералот и министер за одбарана Сергњеј Шојгу, кој какоиксуен генерал во екот на руската воена инвазија исчезна од јавноста. Тогаш се шпекулираше дека неговата здравствена состојба е лоша, но и дека тој заедно со Герасимов, како главни воени стратези не се согласувале со одлуката на Путин да ја нападне Украина, поради што двајцата биле тргнати во втор план.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seven + 8 =