Андоновиќ: Ракетиран Киев но, главниот руски стратешки фокус и натаму останува Донбас

You must need to login..!

Опис

Шеесет и пети ден од почетокот на руската инвазија врз Украина.Руските сили трети ден по ред го ракетираат Киев, кој изминатте месец дена беше поштеден од руските напади.Ракетите паднаа во рвеме кога во украинската рпњстолнина предстојуваше генералнот секретар на ОН Антонио Гутереш, но и бугарскиот премиер Кирил Петков. овие напад се сметаат како порака на осква кон политичарите кои ја посетуваат Украина и кои даваат подршка за украинското раководство.

Во меќувреме тежиштето на воените дејствија и натаму останува во источна Украина пред се регионот на Донбас.

„Битката за Донбас“ останува главен стратешки фокус на Русија за постигнување на целта за обезбедување контрола на регионите Доњецк и Луганск,сметаат западнит разузнавачки служби.

Особено тешки борби меѓу украинската и руската армија се водат околу градовите Лисичанск и Северодонецк. Според британкото разузнавање, силниот украински отпор, знашително ги успорил руските трупи а досегашните руските територијални придобивки се постигнати по значителна цена за руските сили.

Едно од неуспесите на руската инвазија врз Украина секако е и тоа што и по 65 дена, руската армија не успеча да ги уништи украинските воени сили, кои се покажаа многу пожилави одошто тоа Москва го очекуваше.

Секако голем удел во отпорот на Уркаинската армија има големата воена помош која ја добива од земјите на НАТО, но сепак останува фактот дека спецјалната воена операција на Москва полека се одолговлекува и прашање на време колку Русија, која во моментов е под целосносна блокада од севтот ќе може да го издржи ова борбено темпо.

Особено што по 65 дена, војната ексалира. Се позивесно е дека се отвара нов фронт, во реонот на Модлавија. Се подготвиува жестока копнена битка во регионот на Донбас.

Се очекува напад врз срномосркото пристаниште Одеса. А градот Мариопул, и покрај изјавоте дека е шпод конторла на Руските трупи и натаму го има поселдното упориште на Уркаинците, фабриката Азовстал, каде над 2 500 војници засега одбиваат да се предадат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 − 9 =