Андоновиќ: Путин со предупредување до западот за руските црвени линии

You must need to login..!

Опис

Зеленски до украинците да се подготват за војна За време на вчерашните протести на опозицијата, руската полиција уапси над 1700 демонстранти кои во 82 града во Русија протестираа барајќи ослободување од затвор на рускиот опозиционен лиер Алексеј Навални. Демонстрантите протестираа во 82 града во Русија вклучувајќки и некои соседни држави, кои сметаат дека Навални е во политички прогон и е подложен на затворска тортура. Информациите дека Навални се наоѓа во лоша здравствена состојба поради штрајкот со глад , како и дека руските власти не му дозволуваат адекватно лекување ја обелоденија неговите лекари кои предупредија дека тој се наоѓа во животна опасност поради лошата здравствена состојба.

Овие настанипредизвикаа жестока реторика упатена кон Москва но и на лична адреса на рускиот претседател Владимир Путин, кого американскиот претседаел Бајден лично го окфалификува како убиец. Русија доби директни закани и од западот дека ке се соочи со жестоки последици доколку нешто му се случи на Навални. Од друга страна рускиот претседател Путин, вчера во рамките на своето годишно обраќање до нацијата ги обвини странските влади дека се обидуваат да и ја наметнат својата волја на Русија. Путин му порача на западот дека Русија има свои интереси што ќе ги штити според меѓународното право, и ги предупреди западните држави и САД да не ги преминуваат црвените линии во односите со Русија.

Сите овие тензии се резултат на наводните настојувања на Киев да ги заземе проруските области во источниот дел на земјата што предизвика русија на својата граница да распореди над 120 илјади војници на самата граница со Украина Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак кој вчера беше одбиен од Путин да се сретнат и да ги намалат тензиите меѓу Киев и Москва, и се обрати на нацијата и ги предупреди украинците на можноста за војна со Русија. Тој директно на руски јазик, му се обрати и на рускиот претседател Владимир Путин,при што го отфрлил тврдењето на Москва дека Украина му се заканува на населението, кое зборува руски јазик на истокот. Тој го повтори барањето за средба со Путин и за надминување на воените тензии во Украина

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =