Андоновиќ: Протести и улични немири во услови на Ковид пандемија

You must need to login..!

Опис

Илјадници луѓе вклучувајќи ги и членовите на антивладиното движење ,,Жолти елеци“ протетсирише низ француските градови против контраверзниот владин закон со кој се забранува снимање на полицајците и кој предвидува кривична одговорност за оние кои ќе ги снимаат силите на редот. Тензиите ексалираа во Париз каде илјаднците демонстранти се судрија со полицијата фрлајки врз нив тврди предмети и камења, на што полицијата возвраќаше со созлавец и водени топови. Приведени биле повеќе од 60 учесници во протестите. Демонстрациите ексалирале откако анархистите на таканаречениот ,,Црн Блок “ за кои се смета дека биле уфрлени од властите, започнаа да прават големи расистички инциденти и брутално да ја напаѓаат полицијата, сакајќи да покажат дека демонстрантите не ги бараат своите права туку се само насилници.По демонстрациите беа изведени серија насилства низ Париз меќу кои и масовни кражби со што и беше даден аргумент на полицијата да ги разбие демонстрациите.

Инаку невладините и граѓанските организации повеќе денови за ред протестираат низ Франција барајки од владата на Емануел Макрон да го повлече котнраверзиот закон за забрана и кривична одговорност за снимање на полицијата. Овој закон според граѓанските здруженија има за цел да ги избрише доказите за постапките на полицијата при одржување на јавниот ред и мир за време на протестите..Законот беше инициран откако за време на минатогодишните протести на Жолтите Елеци излегоа стотици видеа за насилното гушење на демонстрациите од страна на полицијата, што подоцна беше главен аргумент за неправдата и кршењето на демократијата во Франција Протести и обвинување за нарушување на демократијата и слободтата изминатите денови имаше и во Лондон каде граќаните протестираат против мерките на владата на Борис Џонсон за справување со Ковид пандемијата.

Незадовлните демонстранти негодуваат дека со мерките се ограничува нивната слобода на движење Протести, но од поинакви мотиви , имаше и во Белорусија и во Молдавија Во претсолнинаата Минск вчера беа уапсени повеќе од 300 демонстранти поради, како пто сооптија властите, насилните демонстрации. Во белорусија опозицијата протестира повеќе од 3 меесеци обвинувајќи го актуелниот престедате Лукашенко за изборна кражба, барајќи одржување на нови избори. Самиот Лукашенко ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе му стави крај на своето 30 годишно владеење со Белорусија на следните избори за 5 години. Во меќувреме белоруските власти протераа двајца британски дипломати под образложение дека тие стојат за масовните нативладини протести во Белорусија.

Протести вчерa имаше и во уште една поранешна советска република Молдавија каде илјадници приврзаници на новоизбраната прозападно ориентирана претседателка на Молдавија, Маја Санду се собраа во главниот град Кишињев барајќи предвремени парламентарни избори и обвинувајќи го Парламентот дека ја саботира нејзината подготвеност да се бори против корупцијата. Санду своевремено беше официјална претставничка на Светска банка и има блиски односи со ЕУ, а на изборите минатиот месец го победи прорускиот кандидат Игор Додон, но во Парламентот мора да ја дели власта со неговите приврзаници. Молдавија, каде живеат 3,5 милиони жители и во која Западот и Русија се борат за влијание, ја тресеа корупциски скандали, а еден од поголемите се случи кога исчезнаа една милијарда долари од банкарскиот систем. Според најавите , доколку на наредните избори победат прврзаниците на САНДу, таа ке побара од Москва да ги повлече неколку илјадните трупи кои се распоредени во проруската молдавска област Придњестровје, и ке побара интеграција на Молдавија во НАТО и ЕУ..Дотогаш ќе мора да чека да истече мандатото на проруската влада, која е под диретно влијание на Москва

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 11 =