Андоновиќ: Протерување на дипломатите – борба против руско влијаиие или дефокус од планираниот преврат во Белорусија?

You must need to login..!

Опис

Потегот на Прага да ги протера 18 те руски дипломати од Чешка има за цел да да ги потисне сознанијата на Москва која ги обелодени плановите за изведување на државен удар преку организирање на улични протести подготвени во Белорусија за уривање на претседателот Лукашенко. Ова тврдење го изнесе официјална Москва која потенцира дека се создава апсолутно чувство, поткрепено со фактички материјал, дека во информативниот простор, особено на Запад, тоа е сторено за да се потисне важноста на информациите што ги објавија Русија и Белорусија во врска со планот за државен удар во Белорусија. Ваквото однесување може да се нарече „операција за блокирање“, бидејќи еден час по објавувањето на планот за државен удар во Белорусија,гласи констацијата на Кремљ за потегот на чешките власти за протерувањето на 18 те руски дипломати.

Претходно чешката влада ја отстрани ознаката на строга доверливост и го објави извештајот на чешката служба за безбедност БИС и докази за основано сомневање дека агенти на руската служба ГРУ учествувале во експлозии на муниција во магацини во Врбетице во 2014 година. Во овој напад според чешката истрага , биле вмешани и двајцата наводни руски шпиони, обвинети дека во 2018 година со Новичок ги отруле двојниот шпиун , Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија . Како конкртен потег Чешките власти протераа 18 дипломати од руската амбасада во Прага, по Што Москва протера 20 чешки дипломати. Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе ја разгледуваат наводната вмешаност на Русија во смртоносната експлозија на складиштето за муниција во Чешка во 2014 година, Останува прашањето зошто Чешка токму сега го обелоденува овој напад?

Зошто во услови на затегнати односи со западот , со протерувањето на руските дипломати ги зголемува ионака затегнатите односи ? Доколку се покажат вистинити наводите на Москва дека западот подготвувал државен удар и уривање на власта на прорускиот претседател на Белорусија Лукашенко, сите овие настани се повеќе имлицираат дека конфликт во Украина и поагресивното неуттрализирање на руското влијание во Европа е неизбежно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + ten =