Андоновиќ: Провокација за Путин пред утрешната средба со Бајден: НАТО не се откажува од проширување на исток

You must need to login..!

Опис

Остра провокација од Киев пред утрешната, за многумина историска средба меѓу американскит престедател Џо Бајден и рускиот престедател Владимир Путин во Женева. Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, преку својот „Твитер“ налог се пофали дека неговата земја ќе стане нова членка на НАТО Иако, засега нема некоја потврда од официјалните лица на Северноатлантскиот сојуз.

– За пофалба е што нашите партнери во НАТО имаат разбирање за сите ризици и предизвици со кои се соочуваме. Лидерите на НАТО потврдија дека Украина ќе стане членка на Алијансата, а Акциониот план за членство е составен дел од процесот на членство. Украина заслужува пофалби за нашата улога во обезбедувањето на евро-атлантската безбедност – напиша Зеленски на Твитер. Од друга страна, американскиот претседател Бајден на вчерашниот самит во Брисел рече дека НАТО има намера да продолжи да ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, но и дека Киев треба да ја убеди Алијансата дека заслужува членство, како и да ги преземе сите неопходни чекори. искоренување на корупцијата, но и да исполнат различни критериуми за да добијат план за акција Да потсетиме, средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева . Кремљ соопшти дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид 19 и решавањето на регионалните конфликти.

Токму преќутното продлжување на давање на американска подршка на украинските аспирации за членство во НАТО, може да издејствува утрешната средба на Бајден и Путин да добие нов тек . За потсетување до само пред неполн месец Русија и Украина беа на раб од воен конфликт откако Киев упати силни воени единици кон руските провинции Луганск и Доњецк, што ја предизвика Москва долж границата со Украина да распореди околу 100 илјадна руска војска. Обвинувањата за руски хакерски напади, апсењето на Навални и агресивната полтика на Москва од една страна, и оценката на Бајден дека Путин е убиец од друга, како и продолжувањето на подршката за Украинска НАТО интеграција, го прави утрешниот самит на Бајден и Путин неизвесен – точка на пресврт на односите или продлабочување на кризата меќу двете светски супер сили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =