Андоновиќ: Примирјто меѓу Израел и Хамас вовед во нов замрзнат конфликт ?

You must need to login..!

Опис

Примирјето меѓу Израел и палестинскиот Хамас во појасот Газа стапи на сила рано утрово во 2.00 часот по локално време. Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, повеќето од нив во Газа, Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сеуште на оружјето“ и дека се подготвени во секое време да го продолжат војувањето против Израел И Израел и Хамас прогласија победа. Засега останува нејасно колку ќе трае примирјето меѓу двете страни ако се земе во предвид дека причината за овој најнов судир и воена интервенција врз Израел останува. Дали доколку Израел продолжи со иселувањето на палестинските семејства од стариот дел на Ерусалим каде треба да се населат израелски семејства, ќе предизвика нови судири на палестинците и израелската полиција. Во меѓувреме американскиот претседател Џо Бајден оцени дека прекинот на огнот, е „одлична можност“ за напредок на блискоисточниот мировен процес Бајден, не потенцираше за каков напредок мисли но непосредно по објавувањето на прекинот на огнот, вети дека ќе го зајакне израелскиот систем за воздушна одбрана,, Огнена купола“ и дека и покрај противењето на американската јавност ќе одобри продажба на оружје од 735 милиони американски долари на Израел. Бајден рече дека Соединетите држави ќе соработуваат со Обединетите нации и другите големи меѓународни играчи за да обезбедат брза хуманитарна помош и да обезбедат хуманитарна помош за луѓето во Газа, како и за обнова на уништените објекти.

Претседателот на Соединетите држави инсистираше на тоа дека реконструкцијата ќе се изврши во партнерство со палестинските власти, не не и со Хамас, организација која САД ја сметаат за терористичка организација. Палестинските власти, предводени од умерениот претседател Махмуд Абас, се на власт на окупираниот Западен брег, додека Хамас го има главниот збор во Појасот Газа. Оттаму најеворјатно преку дипломатски пат и меќународен притисок ќе се започне со обид за тргањето на Хамас од Појасот Газа. Останува да се види до когаќе трае примирјето кое , освен што засга се почитува, нема некоја долгорочна перспектива бидејќи главните мотиви за судир на Израел и Палестинците сеуште се во Игра. Особено што вооруженото крило на Хамас кое е помагано од некои исламски држави во опкружувањето, во секој момент можат повторно да започнат со вооружени напади врз Израел Практично, најновата 11 дневна војна на Израел против Хамас не смени ништо во позициите ниту пак амбициите на завојуваните страни. Практично освен жртвите и матерјалната шета состојбата е иста од пред 11 дена кога почна најновата воена интервенција на Израел врз појасот Газа. Таа не донесе ништо ново , но за момент го одмрзна, и повторно го замрзна повеќедеценискиот конфликт на Блискиот исток на неодредено време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 9 =