Андоновиќ: Преговорите помеѓу Украина и Русија продолжуваат – Сенатот го прогласи Путин за воен злосторник

You must need to login..!

Опис

За денеска е најавено продолжување на преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија. Од овие преговори досега не се гледаат, барем не јавно практични поместувања околу напорите да се запре војната во Украина. Сепак според украинските високи владини преставници, наводно Путин се согласил да се повлече од едно од неговите клучни барања за запирање на војната , а тоа е формална капитулација на Украина на која требаше да се согласи Киев.

Доколку овие наводи се покажат вистинити, тогаш се поставува прашањето дали ретерирањето на цврстиот став на Путин кој 21 ден безусловоно бараше и не одстапуваше од – демилитаризација денацификација, неутрализација и капитулација на Украина , па запирање на воените операции всушност ја покажува и официјално слабоста на Москва да ја реализира до крај замислената воена интевренција.

Доплнителен удар за Москва но и за евентуалното постигнување на мир е и одлуката на американскиот сенат, кој вчера изгласа резолуција со која актуелниот руски престедател Владимир Путин го прогласи за воен злосторник.

Ова значи дека во иднина нема веќе ниту тероетска можност за евентуална средба и разговори на актуелниот руски престедател Путин со актуелните запади лидери, односно дека западот ќе чека заминување или уривање на владеењто на Путин, па потоа седнување на преговарачка маса со една од трите светски супер сили. Оваа резолуција практично е досега невиден потег во поновата светска историја, ако се земе во предвид дека ниту во периодот на „Студената војна“ во минатиот век, кога севтот се соочуваше со блоковска поделеност, не беа волку целосно затворени каналите на комуникација меѓу двете светски супер сили.

Сите овие потези на Вашингтон и Западот воопшто би можеле дополнително да го разгневат Путин и Моксва воопшто, кои доколку се почуствувата дека веќе немаат маневарски простор, би можеле да станат многу поагресивни во своите намери.

Засега на теренот, се интензивираат гранатирањата на големите украински градови и се најавува по 21 дневните борбени дејствија освојување на КИев и останатите големи украински центри- промена на воената доктрина или пак одлука да се оди до крај бидејќи очигледно враќање за одредеи политички и воени структури ќе нема.

Се разбира, светот ќе чека и да се обелодени политката на Кина, која важи за засега единсвен голем сојузник на Путин и Москва, но продлжува да лебди и прашањето дали можеби Пекинг ќе одлучи да јуа темпира долгонајавуваната воена инвазија и интегрирање на отцепениот тајвански остров, во време кога фокусот на светот е во Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − 8 =