Андоновиќ: По САД и Британија испраќа „дипломатски тешкаш“ во улога на спецјален преставник за Западен Балкан

You must need to login..!

Опис

Премиерот Борис Џонсон за Специјален претставник за Западен Балкан,го назначи поранешниот шеф на британскиот генералштаб Сер Стјуарт Пич Пич ќе ја преземе оваа улога откако се повлече од функцијата Претседавач со Воениот комитет на НАТО на почетокот на оваа година, улога што ја извршуваше од 2018 година. Претходно беше Началник на Генералштабот на армијата на Обединетото Кралство.

Како специјален претставник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и други претставници од регионот, како и со нашите сојузници од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност.
Како што е наведено, фокусот на овој поранешен генерал и воен разузнувач ќе биде Босна и Херцеговина (БиХ. Ангажманот на Сер Стјуарт ќе биде поддршка на ангажманот на меѓународниот Висок претставник, Кристијан Шмит, кој продолжува да ја има целосната поддршка од Обединетото Кралство. Оваа подршка се смета за јасен став на Лондон околу иднината на спецјалниот преставник во босна особено откако лидерто на Босанските срби и актуелен член на босанската федерација Милорад Додик го негира мандатот на спецјалниот пратеник Шмит и се заканува со отцепување на срспкиот ентитет од босаснко херцеговската федерација.
Од друга страна и Америкаснкиот Стејт Департмент со назанучавање на уште еден дипломатски тешкаш, Габриел Ескобар само ги најави настојувањата на Вашингтон и западот за тоа како ја гледа иднината на регионот, особено по неодамнешните случувања и тензиите во Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Упатувањето на таканречените „булдожер дипломати“ во регионот се толкува како силна определба на Вашингтон, Лоднон и ЕУ за стабилизирање на состјбата во регионот но и сузбивањето на таканареченото руско влијание, кое изминатиов период се покажа за доста посилно и поприсутно одошто се сметаше, а се докажа преку изборните процеси во некој од државите на Западен Балкан. А сето тоа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западот пред се околу Украина но и испораката на рускиот гас за Европа што навестува дека може да предизвика безбедносна и гасна криза.


Останува да се види дали овие силни и искусни дипломати испратени до Вашингтон и Лондон ќе придонесат кон конечното решавање на замрзнатите конфликти кои веќе 30 години од распадот на поранешна СФРЈ го дестабилизираат регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − twelve =