Андоновиќ: Полјаците поради забраната за абортус, Русите поради Навални, најавени масовни протести за претстојниот викенд

You must need to login..!

Опис

Нови антивладини протести избувнаа во полските градови, откако стапи на сила строгиот закон за абортус со кој целосно се забранува прекинот на бременоста. Илјадници луѓе се собраа пред зградата на судот во Варшава во, по повиците за нови протести на женските групи кои организираа неколкунеделни масовни демонстрации минатата година против првичната пресуда во октомври. Законот првично усвоен во октомври, беше одложен поради широко распространетите протести низ целата земја против оваа мерка. Законот предвидува дозвола за абортус само во случаи на силување, инцест или ако животот на бремената жена е загрозен.

Абортусот не е дозволен дури и во случај на деформација на фетусот. Лекарите кои не го почитуваат новиот закон ќе се соочат со затворски казни, глси законот кој стапи на сила а беше предложен и изгласан од владеачката конзервативна партија на Полска Активистките за женските права и голем број на граѓани негодуваат поради овој закон сметајки дека жените имаат право да одлучуваат за своите тела, и да одлчуваат кога, дали и во какви услови ќе имаат деца. Тие сметаат дека владеачката конзервативно религиозна партија на Полска грубо ги крши човековите права Критичарите тврдат дека со ова се стеснува веќе строгиот закон до скоро тотална забрана за абортуси. Полска веќе беше меѓу државите со најстрог закон за абортус во Европската Унија. Дури и пред изрекувањето на пресудата, многу жени имале абортуси во соседна Германија или Чешка.

Според феминистичките организации, околу 200 000 абортуси се вршат нелегално или во странство секоја година. За викендот се најавуваат нови протести со цел да падне законот за забрана на абортусот Масовни проести за викендот што предстои се најавуваат и во Русија, откако судот во Москва ја одби жалбата на адвокатите на НАвални тој да биде пуштен од притвор.Тензиите особено се зголемија откако руските влсти започнаа со апсења на прврзаниците на Навални меќу кои беше уапсен и неговит брат Олег. Лидерот на руската опозиција во притвор, Алексеј Навални ги повика неговите приврзаници да излезат и во наредниот викенд на демонстрации на национално ниво, додека властите ги предупредуваат демонстрантите да не излегуваат на улица.

Во писмото објавено на неговата веб-страница, откако судот ја одби жалбата против неговото апсење, Навални ги повика Русите да го тргнат стравот и да организираат нови протести.бидејќи како што вели во писмото никој не сака да живее во земја во која владее тиранијата и корупцијата. Навални и неговите соработници планираат протести на национално ниво на 31 јануари, по демонстрациите во десетици градови во минатиот викенд на кои излегоа стотици илјади луѓе и покрај бруталната полициска акција. Во демонстрациите полицијата приведе скоро 4.000 лица. Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од скоро фаталното труење со нервен отров во август, за кое го обвини претседателот Владимир Путин, тврдење што Кремљ го негира. Судењето на 2 февруари ќе утврди дали претходната условна казна ќе биде претворена во 3 и пол години затвор во врска со случајот за проневера што се смета за политички мотивиран.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 9 =