Андоновиќ: Потопен прв борбен крстосувач по Фолкландската војна. Удар врз достоинството на руската морнарица и срам за Путин?

You must need to login..!

Embed Code

Опис

Ракетниот крстосувач Москва, главниот брод на руската Црноморска флота, потона во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Загубата на Москва не е само значаен удар за руската инвазија на Украина, туку и голем срам за рускиот претседател Владимир Путин, констатирраа експресно западните медиуми
Имено, Москва е првиот крстосувач кој е потопен во конфликтот на море по Фолкландската војна. Тоа би можело да биде најголемиот воен брод што потонал од 1995 година. Москва тежела 12.500 тони, што е повеќе од генералот Белгран, аргентинскиот крстосувач што потона по нападот на британската подморница во Фолкландската војна.

Украина тврди дека рускиот крстосувач бил погоден со два противбродски проектили во средата. Но, Русија не го потврди нападот. Наместо тоа, руската страна изјавила дека на бродот настанал пожар како резултат на што муницијата експлодирала и направила голема штета. Бродот потонал кога бил извлечен на брегот поради невремето.

Западните претставници посочуваат дека е „многу тешко да се поверува“ во објаснувањето на Русија за тоа што ја предизвикало штетата, додавајќи дека, доколку е вистина, тоа би укажувало на сериозна неспособност на руската армија. Од друга страна, за западните преставници тврдењата на Украина звучат „веродостојно“,

Во секој случај, загубата на толку важен брод дополнително ќе ја врати Русија назад во осумнеделната војна против Украина, во текот на која руската страна не постигна големи победи, а претрпе значителни загуби во работна сила и опрема, пишува Sky News.

Путин порано или подоцна ќе мора да објасни зошто неговиот команден брод сега се наоѓа на дното на Црното Море. Потонувањето значително ќе го подигне моралот на Украина, земја која Русија продолжува да ја напаѓа со проектили, ракети и тенковски гранати.

Ако наводите на Украина за ракетни напади се покажат точни, тие исто така ќе укажат на нивната способност да напаѓаат бродови од брегот, што значи дека други руски бродови може да бидат загрозени, нешто на што нивните команданти не сметаа.
Веројатно ќе мора да се одложи и долгонајвуваниот поморски десант на руските маринци врз Одеса, градот кој судејќи според плановите, Русија сака да го освои и така да ја изолира Украина од пристапот кон Црното море.

Во очекување на понатамошните чекори пред се на руската морнарица, руската артиљетија од утринава гаќа врз неколку градови на истокот на Уркаина и пред се главниот град Киев. Ова се најголеми напад врз околината на Киев од повлекувањето на руските трушпи пред две медели од оваа област. Обновените артилериски напачди врз Киев се толкуваат како одмазнички удари на руската армија поради потошувањето на командниот брод Москва во Црното море.
Како одмазада и лидерот на чеченците Разман Кадиров вчера се закани дека Киев ќе биде слдниот освоен град од Русите во Украина

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 − 12 =