🎥 Андоновиќ: Пост изборни протести и негодување на актуелната политичка слика во регионот

You must need to login..!

Опис

Во повеќе градови во Србија шести ден по ред продолжија протестните собири… Граѓаните излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство од состојбата во земјата, но и начинот на кој државата се бори против коронавирусот.

Протестот во Белград, кој започна во вторникот синоќа помина без инциденти и со учество на значително помалку граѓани отколку во претходните денови. На митингот немаше говорници, а собраните граѓани стоеја во групи, носеа транспаренти и повремено викаа пароли против властите. Пред зградата на Собранието на Србија немаше многу полицајци, но помали полициски сили беа присутни зад зградата и во околината.Синоќа заедно со лицата кои протестираат пред зградата на собранието во Белград беа и Драган Ѓилас и Борко Стефановиќ од опозициската Партија на слободата и правдата.

Граѓаните собрани на протестот во Ниш ги повикуваа полицајците да им се придружат… Во меѓувреме, Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „насилниците“ кои предизвикале инциденти пред зградата на парламентот во претходните денови ќе одговараат за тоа. „Сторителите ќе бидат поразени, поголемиот дел од нив ќе бидат приведени и ќе треба да одговараат за сите злосторства што ги извршиле, “ изјавил Вучиќ синоќа на телевизиско интервју за телевизија Пинк. Вучиќ изминатиов викенд беше на средба со косовскиот премеир Хоти, средба која беше оргаизирана во псоердство на ЕУ.

Состанок преставува прв од ваков тип по повеќе од година, откако беа блокирани преговрите меќу Белград и прштина за конечниот косовски статус Српскиот престедател вуќиѓ по средбата изјави дека се труди Србија да добие што повеќе, да изгуби што помалку и да врати дел од загубеното на Косово. Косовскиот премеир Хоти пак по сердбата во брисел кратко изјави дека Приштина останува да инсистира „на нормализација на односите со Белград по меѓусебното признавање“. Протести во регионот има и во Софија каде илјадници демонстранти вчера одржаа четврти ден протести против корупцијата во владата и најавија дека повеќе слични митинзи се закажани за денеска пред да биде одржан нов протест низ целата земја подоцна во текот на оваа недела.

Илјадници луѓе го исполнија центарот на Софија во близина на претседателството и Советот на министри барајќи оставка на конзервативната влада. Протести имало и во Бургас, Пловдив, Варна, Благоевград и Габрово, Протестите беа предизвикани од рацијата на 9 јули од страна на јавното обвинителство во кабинетот на претседателот Румен Радев. Во рамките на акцијата беа задржани на сослушување секретарот за борба против корупцијата и советникот на Радев за безбедност и одбрана, а нивните канцеларии беа претресени како дел од две одделни истраги за влијанија и откривање на државни тајни. Тоа предизвика лутина во јавноста и доведе илјадници демонстранти на улиците на Софија за да ги осудат рациите како напад на владата и на јавниот обвинител врз Радев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 1 =