Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп- Бајден денска станува 46 претседател на САД

You must need to login..!

Опис

Во 12 часот на пладне по локално или 18 часот по средно европско време Џозеф Бајден ќе биде инаугуриран за претседател, 46 ти во историјата на САД. Заедно со него на потпрпетседателската функција ќе биде инаугурирана и Камала Харис. 78 годишниот Бајден ќе влезе во историјата како највозрасен избран претседател додека Камала Харис прва жена потпрпестедател на САД КОВИД 19 но и неодамнешниот упад на приврзаниците на Трамп во зградата во Капитол извршија притисок оваа инагурација да биде организирана и реализирна во невообичаена амтоссфера- во виоски безбедносни мерки и без присуство на граќаните кои нанзачувањето но својот иден претседател ќе можат да госледат преку медиумите и преку интернет Безбедноста во Вашингтон зајакната до најголеми можни граници -Пентагон распореди околу 25.000 војници на Националната гарда, која заедно со полицијата ќе се грижи за безбедноста на инаугурацијата. Пред инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, 12 припадници на Националната гарда беа отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет, јавија американски медиуми кои додаваат дека не постоела директна закана за Бајден.

Засега не с епрецизира со кои екстремистички групи станува збор или во која единица служеле припадниците на Националната гарда. ФБИ пред инаугурацијата на Бајден спроведе безбедносна проверка на 25.000 припадници на Националната гарда испратени во Вашингтон за да го обезбедат настанот, во услови на загриженост за потенцијален напад од внатре од таканаречени „инсајдери“. На церемонијата за прв пат во историјата нема да приствува претседател во змаинување кој формално треба да ја предаде власта во белата куќа. Трамп кој одбива да ја признае изборната победа на Бајден, нема да приствува туку планира на 4 часа пред инаугурацијата за последен пат со рпетседателскит авион да отѕпатува во одмаралштето во Флорида. Сепак церемоијалниот дел односно примопредавањето на претседателскаа должност ќе ја изврши потпрпетседателот Мајкл Пенс кој го најави своетоприсуство на церемонијата за промопредавање на претседателската функција На инаугурацијата ќе присуствуваат и 3 -ца поранешни претседатели на САД – претходникот на Трамп демократот Барак Обама, Бил Клинтон , и републиканецо Џорџ В. Буш и поранешниот претседател на САД, демократот Џими Картер (96), нема да биде присутен на свечената заклетва поради возраста. Што се однесува до претседателот во заминување Доналд Трамп вчера во својот проштален говор до нацијата потенцираше дека е особено поносен дека како прв претседател на САД во историјата не започнал нит една војна.

Трамп потсети дека за време на својот мандат, во кој како што рече, влезе како целосен политчки аутсајдер успеал да направи могу политчки успеси кои не успела да ги направи нитуе една од претходните американски амдинистрации.. Договорт со Кина и пред се рекордно брзо пронаоѓање на вакцината против Ковид -19 се едни од најголемите успеси на негвото претседателствување , се пофали јавно Трамп. Сепак тој не пропушти во последните часови на својот мандат да ја искорсти својата претседателска можност и да потпише помилување на околу 143 обвинети. Меѓу помилуваните се некогашнот главен идеолог и советник на Трамп Стив Бенон, кој беше обвинет за проневера на огрмен број на финансиски средства за финансирање на заштитниот ѕид кон Мексико, како и главниот фиансиер на кампањата на Трамп- Елиот Бројди. И покрај најавите, Трамп не ја злоупотреби својата позиција да се помилува себеси и неговото семејство за да се заштити од евентуални судски процеси за кои идната демокртакс аамдинистрација сака да ги покрене против него и неговата наводна злоупотреба на 4 годишата претсеателска функција. 45 претседател на САД, Доналд Трамп од денеска заминува во историјата и малку е веројатно дека, по сите овие контраверзи и политики на неговото владеење, ќе може да ја оствари својата јавно изречена амбција, да продолжи да се знаимава со политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + one =