Андоновиќ: Последните потези на Трамп – вето на буџетот за одбрана и нови санкции за ,,Севен ток 2“

You must need to login..!

Опис

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на буџетот за одбрана, кој претходно беше одобрен од Конгресот Трамп смета дека одобрениот буџет од страна на Конгресот претставува „подарок“ за Русија и Кина. Трамп го најави ветото на буџетот за одбрана во износ од 740 милијарди долари кој веќе беше одобрен од Конгресот, и покрај фактот што документот доби поддршка од Парламентот, дозволувајќи му да го заобиколи ветото. Од 1960 година досега, годишниот национален план за одбрана се усвојува секоја година и досега никогаш ниту еден американски претседател не го блокирал неговото донесување Главните забелешки на Трамп на овој закон е тоа што не се вклучени мерките за сигурност однсно не се опфатени воените ветерани и воената историја.

Трамп се противи на намерите изгласани од Конгресот да се преименуваат американските воени бази низ светот кои ги носат имињата на лидерите на конфедералните сојузни држави кои го подржувале ропството во времето на граѓанската војна, Како дел од послендите потези на Трамп е и новиот пакет санкциите кон гасоводот Севеен ток 2 Северниот Ток 2 предвдува изградба на два краци на гасоводот со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас кој треба да се испорачува од Руското крајбрежје преку Балтичко море до Германија.

САД сметаат дека овој гасовод е политички проект на Москва кој ја загрозува енергетската безбедност на Европа и ја прави енергетски зависна од Русија Другите европски држави како Полска Украина и Балтичките држави се противат на овој гасовод тврдејки дека Москва во минатото ги користела своите енергетски резерви за вршење на политички притисок врз овие држави. АМерикансата амбасада во Берлин побара од германската влада да запре со изградбата на гасоводот и да го рпекине енергетското партнерство со Русија. Официјална Москва пак оцени дека новиот пакет мерки за занкции на рускиот гасовод претсавува американска манифестација на хибридна војна насочена кон Русија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 3 =