Андоновиќ: Политички игри, инциденти, Балканот врие, ЕУ спие

You must need to login..!

Опис

На Косово изминатата ноќ е мирно по вчершните тензии на северот на Митровица и Звечан откако специјалните единици на косовската полиција спроведоа акција за која соопштија дека е во насока на „спречување на нелегални активности“… Во инцидентите меѓу единицата на РОСУ и граѓаните, беа повредени десетина лица од кои едно лице беше потешко рането со прострелна рана . Лицето Среќко Софрониевиќ кој бешезастрелан од страна на косовски полицаец во моментов се уште се наоѓа во животна опасност Косовските бесбедносни сили објавија дека и во нивните редови има неколкумина повредени полициски службеници… Премиерот Албин Курти ги повика граѓаните да не потпаѓаат под манипулации и лажни вести и да не застануваат во одбрана на нелегалните активности…

Се огласи и Вучиќ кој побара итна интервенција од НАТО силите распоредени во земјата и повика да не се спроведува ред со насилство… Претставници на НАТО пак операцијата на косовската полиција ја оценија како „акција за спроведување на законите“, пренесуваат косовските медиуми…Мисијата на КФОР на Косово била запознаена со настаните бикла во комуникација со властите во Приштина… О друга страна Белград се закани дека доколку НАТО и ЕУ не ја вратат стабилноста и сигурноста на тамошните срби, Србија е подгтовена воено да се вмеша и да ги заштити своите граѓани. Засега сето ова останува на реторика и обвинувања. Белград обвинува дека целта на Приштина и премиерот Курти е да предизвика емотивна рекција на Белград да се вмеша во Косово и така да ја прекрши реозлуцијата 12 44 на ОН Од друга страна запленувањето на лековите и робата со српски бандероли има за цел да предизвика здравствена и хуманитарна криза и да ги принуди србите да се иселат од Косово, обвинува официјален Белград.

Вчерашниот инцидент доаѓа на неполн месец од тензиите на граничните премини Брњак и Јариње кога 11 дена тамошните Срби ги блокираа премините откако косвката полицја почна со спроведувањето на мерките за менување на регистерските таблици на автомобилите, односно српските таблици беа заменувани со Косовски. Тогаш во посредство на меѓународната заедница се избегнаа поголеми инциденти, но конфликтот повтрно беше замрзна без некое конечно решение. Вчерашните инциденти покажуваат дека искрите и тензиите во Косово се извесни, особено ако се земе во предвид дека Косово оди на локални избори следната недела а Белград на престедателски во април селдната година.Дотогаш е реално да се очекуваат слични инциденти со цел да се зголеми рејтингот на владеачките партии и во Беград и во Приштина, за што докажана добитна комбинација е решавање на конечниот статус на Косово , во лична полза

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − one =