Андоновиќ: Политичка криза во Црна гора – Ѓукановиќ ја загуби власта но ја има моќта

You must need to login..!

Опис

Пети ден трајат протестите во Црнагора организирани од таканаречената група која се нарекува „Црногорска пролет“ кои преку протести бараат оставка на владата на актуелниот црногорски премиер Здравко Кривокапиќ Учесниците на собирот носат црногорски и знамиња на НАТО и пеат патриотски песни. Граѓаните протестираат и денеска 5 ти ден по ред и го блокираат патот Подгорица-Никшиќ поради што дел од нив добија и прекршочни пријави. Демонстрантите најавуваат дека доколку не им бидат исполнети барањата ќе ги радикализираат протестите. Тие пред 3 дена го нападнаа и автомобилот во кој се наоѓаше ќерката на премиерот Кривокапиќ што дополнително ги загрижи членвоите на владата но и ги зголеми тензиите во Црна гора Протестите се поради намерата на владата на Кривокапиќ да ги измени критериумите за добивање црногорско државјанство, со што, како што тврдат групациите кои протестираат, власта сака да им овозможи државјанста на околу 62 илјади странци пред се Срби и Руси по што според Уставот тие би биле внесени во избирачкиот список., наспорти големиот број на црногорци кои во моментов иако се родени во Црна гора , живеат во странство и не би можеле да гласаат на изборите ниту пак да го остварат своето право на дражвјаство. Со ова , според демонстрантите се менува односот на силите за идните избори каде, како што тврдат тие, власта во црнагора ќе ја бираат Белград и Москва, а не народот во Црнагора.

Од друга страна владата на Кривокапиќ се соочува и со уште еден скандал, кој ја доведе Црнагора во политичка криза. Се работи за изјавата на црнгорскиот министер за правда Владимир Лепосавиќ кој недоамна изјави дека е подготвен да признае дека геноцидот се случил во Сребреница „кога тој ќе биде недвосмислено утврден“. Кривокапиќ поднесе барање до парламентот за негово разрешување, бидејќи Лепосавиќ отстапил од официјалните позиции на владата, која во минатото го призна геноцидот извршен врз босанските муслимани од страна на српските и црногорските паравоени формации во војната во Босна во деведесетите години на минатиот век. Лепосавиќ во јавноста излезе со став дека нема да се повлече сам. Во целата оваа реторика се вмешаа и партиите на србите во Црнагора но и Белград кои сметаат дека Лепосавиќ дал коректна изјава и дека владата на Кривокапиќ е слаба и без подршка , а самимот Кривокапиќ неискусен политичар, наспроти преискусниот Мило Ѓукановиќ кој повеќе од 30 години владее со Црнагора и кој во сето ова гледа шанса да ја воспостави својата моќ. Анлтичарите и медиумите пишуваат дека и покрај поразот на ДПС на актуелниот претседател Ѓукановиќ на неодамнешите избори,клучните полициски службеници и началници во безбедносните служби не се сменети, сè уште има полицајци кои му се лојални на Ѓукановиќ.

Инаку црногорските комитети, 4 дена по ред го блокираат сообраќајот на главниот пат Подгорица-Никшиќ и создаваат хаос поради намерата на владата да ги смени критериумите за стекнување црногорско државјанство. Се смета дека овој Патриотски Фронт на комитите се организирани од страна на ДПС на Мило Ѓукановиќ кој сака да ја урне актуелната влада.. Сите овие настани покажуваат дека минатомесечното еуфорично славење на просрпската опозиција во Црна гора која прогласи пад на режиот на Мило Ѓукановиќ е заблуда и дека Ѓукановиќ сеуште ја иа целосната моќ врз политиката на Црна гора

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 5 =