Андоновиќ: Повлекување на руските трупи или воен маневар- вистината има две страни

You must need to login..!

Опис

Сè уште е можна инвазија на Украина. Со ваква реторичка поетна излезе вчера американскиот престедател Бајден кој вонредно пред медиумите изјави дека

Руската инвазија е „многу можна“, но сепак дека се уште останува опцијата за дипломатско решение. Тој исто така предупреди дека и покрај информациите од Русија дека дел од нејзините војници се враќаат во своите матични бази, анализите на САД не го потврдуваат тоа и дека руските војници остануваат во заканувачка позиција

Тврдењето на Бајден дополнително беше аргументирано од глобалнаата американска тв мрежа СНН кои прикажаа и сателитски снимки на кои се гледаат бројни тенкови и хеликоптери кои руската армија би можела да ги стави во функција на за западот очекуваната инвазија. Практично, сите овие тврдења се во функција, на некој начин да се оправдата во јавноста дадените разузнавачки податоци дека Русија ќе ја зпаочне инваизјата врз украина денеска, на 16 фебруари, а пласирани токму од водечките американски и НАТо политичари.

Од друга страна пак Моксва јавно се пошегува со овие тврдења прашувајќи јавно дали се знае во колку часот треба да ја нападнат Украина. Паралелно со овие измејувања, Русија и Владимир Путин најавија дека повлекуваат дел од трупите стационирани на границата со Украина бидејќи, како што соопштија ги завршиле воените вежби. Но повторија дека Русија може да интервенира во случај ако биде нападната.

Но кој би ја нападнал Русија во фебруари, месец кој е проследен со ниски темепратури и со „таканаречениот генерал Зима“ кој во минатото ги проази и Наполеон и Хитлер?

Веројатно никој. Но руската Дума вчера изгласа предлог реозолуција со која ги прогласува проруските области во уркаина Луганск и Доњецк како независни држави.

Практично им давата лчегитимитет на тамошните проруски власти да се отцепат од Украина и потоа да одлучат за својата иднина.

Останува дилемата дали Киев, откако ова ќе се случи, ќе биде испровоциран да се обиде да го врати овој дел на територијата под свој суверениттет? Особено што украинската армија изминатиов пеериод беше наголемо засилена со опрема оружје и НАТО обука, па сега за разлика од минатото ќе процени дека е време за враќање на отцешшениете региони. И доколку тоа се случи, како ќе реагира Русија?

Можеби Москва се обидува да прикаже дека Русија од обвинет агресор всушност е жртва на агресија , за да има аргумент да интервенира Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 − 5 =