Андоновиќ: Повлекување или ротација на одредени единици? Договорени три точки од договорот, Русија повлекува дел од војниците околу Киев

You must need to login..!

Опис

Триесет и петти ден од руската воена интервенција. Руските сили започнаа со повлекување на одредени воени единици кои беа распоредени во околината на Киев. Причина за намалувањето на военото присуство, според Москва, е исходот од вчерашните преговори со Украина кои се одржаа со посредство на Турција. Имено, Москва како гест на добра воља најави дека ќе го намали воениот притисок врз украинскиот главен град.

Во јавноста излегоа информации дека исходот од вчерашните преговори е Договор од три точки. Инфоромациите од вчерашната рунда на преговори се дека руската и ураинската страна констатирале напредок.

На територијата на Украина нема да има странски бази или воени контингенти, нема да се развива нуклеарно оружје, а Киев нема да влегува во воени сојузи.

Ова практично значи дека се исполнети две од трите клучни барања кои Русија ги наведе како причина пред 35 дена кога ја започна воената инвазија врз Украина.

Останува уште прашањето околу Крим и Донбас. Киев бара граѓаните на овие региони преку референдум да се произнесат каде сакаат да живеат. Москва засега ја одбива оваа опција. Крим од 2014 година се наоѓа внатре во руските граници, дел е од руската држава и монетарно и територијално и безбедносно. Оттаму ќе биде тешко некакви преговори повторно да го вратат Крим на Украина.За разлика од Крим, Донбас, регионот кој беше главна причина за рускиот воен напад, би можел да биде предмет на разговори меѓу руската и украинската страна. Кремљ завчера го одби барањето на проруските сепаратисти од Доњецк и Луганск да бидат интегрирани во границите на Руската федерација, порачувајќи им дека е рано за таква политичка операција.

Но, руското повлекување на дел од трупите распоредени околу Киев, според украинскиот Генералштаб, се само трик на Москва која не планира да ги прекине воените дејствија околу украинската престолнина.

Повлекувањето на Русија од северот на Украина е само ротација на војници со цел измама, тврди украинската армија.

Генералштабот на украинските вооружени сили синоќа го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој се тврди дека руските трупи продолжуваат да се повлекуваат од територијата на Киев и Чернигов во северна Украина, но дека тоа е само „ротација на одделни единици” со цел да се измами военото раководство на Украина,

Идентична оценка даде и американски Пентагон според кој Русија преместува мал број војници од позициите околу украинскиот главен град Киев, но тоа е повеќе прераспоредување отколку повлекување од позициите.

И Пентагон и Генералшабот на украинската армија сметаат дека ова е воено репозиционирање, а не вистинско повлекување и дека треба да се очекува голема офанзива во другите области на Украина.

Останува да се види дали Москва ја сменила стратегијата за освојување на Украина или се работи сепак за намалување на овените операции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 − four =