Андоновиќ: Победа на демократската опција против популизмот – резултат од локалните избори во Хрватска

You must need to login..!

Опис

Нов градоначалник на Загреб е Томислав Томашевиќ од левичарската платформа „Можеме“, по убедливата победа над вечниот губитник на изборите, пејачот Мирослав Шкоро, а најголемото изненадување на локалните избори во Хрватска е победата на професорот по физика либералот Ивица Пуuлак во Сплит. Ова е конечниот исход од вчерашниот втор круг на локалните избори во Хрватска. Владеачката ХДЗ ги загуби Загреб и Сплит што се толкува како сериозно предупредување дека партијата ја губи подршката кај граѓаните. Она што е идникативно е фактот дека и втората голема партија СДП на актуелниот рпестедател Зоран Милановиќ не успеа да ги освои најголемите градови. Осходот покажува дека на граѓаните на Хрватска им е доста од партиските попуизми и барата нови политики за подбар живот. Сепак владеачаката ХДЗ, според освоеите резултати не може да биде незадоволна од исходот на изборите. Иако не ги освои најголемите градови, сепак, ХДЗ на крајот може да биде задоволен од победите во некои области каде што досега не бил на власт, како што е округот Лика-Сењ а ја задржа власта во градовите Задар и Дубровник.

Спорд оценката на лидерот на партијата и актуелниот премиер Пленковиќ, ХДЗ е апсолутен победник на изборите бидејќи освоил 15 од 20 хрватски окрузи, што, како што рече, никогаш не се случило во историјата. Тој го обвини Движењето Татковина на својот некогашен сопартиец Мирослав Шкоро дека му овозможил на Томислав Томашевиќ од левичарската платформа „Можеме“, кој победи во трката за градоначалник на Загреб, „да оди на избори“ и да му овозможи осипување на десничарските гласови Ривалитетот внатре во Хрватската десница, особено меѓу ХДЗ и партијата на Мирослав Шкоро, уште еднаш покажа дека најголема политичка корист ќе има левицата и либералите во Хрватска, проблем кој ќе мора да го надминат доколку сакаат да ја задржат власта на следните парлментарни избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 14 =