Андоновиќ: Пентагон се противи за испорака на полски авиони за Украина – САД со предупредување за можна употреба на хемиско оружје, 15 ден од рускиот напад врз Украина

You must need to login..!

Опис

На петнаесеттиот ден од инвазијата на вооружените сили на Руската Федерација врз Украина, се очекува исходот од разговорите меѓу шефовите на руската и украинската дипломатија Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба.

Средбата на Лавров и Кулеба се први директни разговори на високо ниво меѓу двете страни откако Москва почна со инвазија врз соседот Украина.


Сепак занејќи ги ставовите на двете страни, мала е веројатноста дека оваа средба може да донесе одредени поместувања во насока на постгнување на мир во Украина. Претходно двете страни имаа двеб рунди на разговори на кои се обидуваа да постигнат барем прекин на огнот и спроведување на хуанитарните коридори за извлекување на цивилите од градовите кои се цел на руските воздушни удари. Сепак засега ниту руската ниту пак украинската не демонстрираа посветеност да запрат воените дејствија и да се извлечат цивилите. Дополнителен проблем спроед изјавите на украинските цивили се и хуманитарните коридори спроведени од руската армија кои, според нивните изјави се кон Белорусија и Русија , што за украинците кои бегаат е неприфатливо.

Иако околу 48.000 луѓе беа евакуирани од Украина за време на 12-часовниот привремен прекин на огнот, Украинските власти тврдат дека Русите во текот на денот во неколку наврати го прекршиле примирјето и дека го блокирале преминувањето на конвој од 50 автобуси со цивили. Покрај тоа, вчера за време на прекинот на огнот беа погодени и детска болница и породилиште во Мариупол, пристаниште во јужна Украина сместено во еден од хуманитарните коридори. Русија во текот на денот ги исклучи од мрежата и нуклеарните централи во Чернобил и Запорожје, така што МААЕ веќе нема врска со ниту една од тие две централи.

Во меѓувреме продолжуваат воените дејствија во Украина и , како што соопшти Моксва, руските трупи ја спроведуваат зацртаната спецјална операција. Москва соопшти дека руската армија неутрализирала речиси 90 проценти од вкупата противоздушна одбра на Украина. Лондон пак најави дека за потребите на украинската армија ќе испрати противвозушни одбрамбени системи.

Но за ралзика од Лондон, американски Пентагон го отфрли предлогот на Полска да им ги даде МИГ-овите на САД, па тие да ги проследат до Украина
Пентагон но и Белата куќа сметаат дека испораката на полските мигови за украинското воздухопловство претставува „премногу висок ризик “. Сепак според Оентагон руската армија би мжела да употреби хемиско оружје во Украина.

Вооружените судири на руската и украинската војска продлжуваа а сите очи сега се впшерени од евентуалниот исход на разговорите на шефовите на дипломатииите Лавров и Кулеба во Анталија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six + 20 =