Андоновиќ: Пандемијата на ковид исчезна, само Северна Кореја пријавува епидемија од големи размери

You must need to login..!

Опис

Пандемијата на Ковид, кој цели две години го опседнуваше светот, се ч9ини дека магично исчезна. Вирусот забрзано е тргнат од светската јавност, пред се откако започна спецјалната руска воена опчерација врз Украина на 24 фебруари. Барем таков впечаток се доби во светската јавност која по двегодишните дневни извештаи за починати и новозаболени до Ковид, одеднаш, фокусот го насоија кон војната во Украина.

Исчезнаа дури и вестите за наводните мутации на вирусот со кој светските медицински ексепрти предупредуваа дека наскоро би можеле да завладеат со светот.
Иронијата да биде поголема, токму на завршувањето на пандемијата, вест која успеа да се пробие во светксата јавност, а тоа да не е Русија Украина и Путин, беше изјавата на основачот на Мајркософт, Бил Гејтс кој објавци дека е позитивен на ковид. Иорнија бидејќи токму Гејтс беше обвинет од теоретичарите на заговор дека стои зад појавата на вирусот, за кој се велеше дека е лабораториски призевден.

Но не е само Гејтс. Она што стана особено интересно е појавата на пандмеијата во Северна Кореја. Оваа држава и нејзиниот комунистички режим кој управува со држава која се смета за најназадна во светот, и на начин кој не соодејствива ниту со 20 тиот а камоли со 21 век, пријавува пандемија на Ковид.

Малку чудно и за неверување ако се земе во рпедвид дека исчезнувањето на пандмеијата на Ковид вее во светот се зема здраво за готово.

Од друга страна Северна Кореја која досега остави простор за неверување на се што ќе соопшти алармира за растечки број на новозаразени и бара помош од меќународната заедница.

Токму истата Северна Кореја во екот на пандемијата на ковид во светот излезе со тврдење дека е единствена држава во светот во која нема ковид.

Сега кога ковидот во светската јавност станува,,демоде“ вест, лидерто Ким Џонг Ун испраќа драматични тонови.

Северна Кореја регистрирала уште 232.880 луѓе со симптоми на треска и уште шест смртни случаи откако земјата ја потврди епидемијата на коронавирус минатата недела,
Говорејќи на состанокот на политичкото биро на владејачката Лабуристичка партија, Ким рече дека „незрелоста на капацитетот на државата да се справи со кризата ја зголеми комплексноста и тешкотиите во борбата против пандемијата.

Од нејзиното прво признавање на избувнувањето на епидемијата на Ковид-19, Северна Кореја регистрирала 1,72 милиони пациенти со симптоми на треска, вклучувајќи 62 смртни случаи досега.

Сепак, државата соопшти и дека ситуацијата со вирусот во земјата добива „поволен пресврт“, додавајќи дека на партискиот состанок се разговарало за „одржување добри шанси на севкупниот фронт на спречување на епидемијата“.Земјата сè уште не започнала со масовна вакцинација и има ограничена можност за тестирање за вирусот, поради што многу експерти се загрижени дека можеби е тешко да се процени колку широко и брзо се шири болеста.Според агенцијата KCNA, Северна Кореја се залагала за подобро ракување со „собирање, транспорт и тестирање на примероци од оние со треска, со инсталирање дополнителни капацитети за карантин“.

Појава на растечки број на новозаболен од корона изминативе два месеци имаше и во „лулката на ковидот“ Кина, каде 4 милионски града меѓу кој и 25 милионскиот Шангај беа ставени во целосен карантин.

Последните информации од таму велат дека во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин.

Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид”.

Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × two =