Андоновиќ: Пакистан пред уставна криза – Шри Ланка во економски колапс, пандемијата и војната во Украина со последици врз Јужна Азија

You must need to login..!

Опис

Пакистанскиот премиер Имран Кан ја втурна земјата во политичка криза , откако го распушти Парламентот и повика на предвремени избори, во обид да го спречи гласањето за недоверба што се очекуваше да го собори од власт.

Имено, Кан ја обвини опозицијата дека под диктат на САД во се обидува да ја собори неговата влада поради неговите надворешнополитички одлуки и приближувањето на Пакистан кон Кина и Русија.

Можеби за да добие поголема поддршка, Кан тврди дека неговите противници и Соединетите држави се обидувале да се мешаат во политиката на земјата, обвинување што Вашингтон го негираше.

Опозициските лидери сега ги оспоруваат постапките на Кан пред Врховниот суд на земјата, истовремено тврдејќи дека неговите потези претставуваат „отворен државен удар против земјата и Уставот“.

Поранешната крикет ѕвезда Кан го загуби своето мнозинство во Парламентот минатата недела, а тој вчера се соочи со предлог за недоверба поднесен од опозицијата.
Но, заменик-претседателот на Парламентот, член на партијата на Кан, го блокираше предлогот што се очекуваше да биде политички погубен за Кан, оценувајќи дека е дел од странски заговор и неуставен.

Тој потег ја турка нуклеарно вооружената нација, со која војската управува речиси половина од нејзината историја, во целосна уставна криза. Од друга страна нуклерната сила Пакистан со над 200 милиони население е важен стратешки партнер и посакуван сојузник и за Русија и САД.

Онаа супер сила која ќе влезе во сојуз со Пакистан ке има значајно влијание и контрола врз регионот на Јужна Азија.

И Шри Ланка се соочува со најголема криза од стекнувањето на војата независност..Економски колапс недостиг на храна, лекови и гориво. Оваа островска земја со 22 милионско население.

Неколку членови на кабинетот на Шри Ланка поднесоа оставки во неделата, откако илјадници луѓе демонстрираа против кршењето на недостигот на храна и гориво и побараа оставка од претседателот Готабаја Рајапакса. Шри Ланка се наоѓа во најтешката економска криза во последните децении, главно поттикната од значителниот долг на владата, ударите врз туристичкиот сектор и неуспешниот национален експеримент за органско земјоделство.

Се смета дека напорите за производство на органско земјоделство на Шри Ланка тргнаа катастрофално погрешно и помогнаа да се катализира оваа економска криза.
Иницијално проблемот изелзе на виделина со пандмеијата на ковид и затвореноста на земјата . Но дополнително проблемите настанаа и со војната во Украина. Туристите од Русија и Украина сочинуваа половина од приходите на економијата на оваа држава, што само покажува колку и географски одалечените делови од светот можат да предизвикаат економски пореметувања во земјите од останатите континенти.

Глобалните економски движења влијаат можноста на земјите да влијаат и да пронаоѓаат алтернативни решенија поради порастот на цените на нафтата, транспортот и инфлацијата кои одредени национални економиии во светот не можат да го издржат.

Постои стравување дека во оваа 22 милионска држава може да се повторат немилите настани од историјата . Шри Ланка помина низ 30 годишна граѓанска војна која многу го уназади развојот на оваа поранешна британска колонија.

Оваа криза се смета за најголема од стекнувањето на независноста на Шри Ланка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × one =