Андоновиќ: Очекувано САД и Русија не се договорија – Што понатаму?

You must need to login..!

Опис

Епилогот од неколкучасовната средба на Советот НАТО-Русија веќе беше познат по средбата на руската и американската делегација во Женева. Во Москва сметаат дека главниот диригент на НАТО седи во Вашингтон, а не во Брисел. Затоа 30 членки на НАТО нема да го прифатат рускиот предлог објавен на 17 декември во Москва.

Постојаното повторување на американските политичари дека суверено право на секоја земја е да одлучи дали ќе биде членка на НАТО, па никој не може да им забрани на Украина и Грузија да станат членки на воениот блок, беше и глав ниот став на претсавниците на алијансата на вчерашните разговои во обновениот совет НАТО Русија во Брисел.

Шефот на руската делегација на преговорите со членките на НАТО, заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко, во Брисел изјави дека очекувањата се реални и дека дошол „момент на вистината“. Москва го обвинува западот дека со своите ставови го уништуваат системот на меѓународна безбедност. Американците излегоа од важни меѓународни договори кои овозможија зачувување на воено-стратешката рамнотежа во светот, обвинува Москва Руската делегација по состанокот го повика Вашингтон да престане со агресивната реторика против Русија и да го оддалечи нејзиниот воен потенцијал од руските граници. НАТО сака да доминира, но „нема да дозволиме да ни биде загрозен суверенитетот“ гласи ставот на Москва

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по долгата средба со руската делегација во седиштето на Алијансата во Монс изјави дека 30 членки на НАТО на средбата со Русија го потврдиле правото на секоја земја сама да си ја одредува судбината.

„Постојат големи разлики меѓу сојузниците на НАТО и Русија околу безбедноста на Украина и импликациите за безбедноста на Европа“, вели Столтенберг додавајќи дека
„НАТО“ ќе ги вложи сите напори „да постигне политички напредок со Русија“,

Сојузниците на НАТО се обединети во фактот дека Русија не може да стави вето на пристапот на Украина во алијансата и се подготвени да го поддржат Киев, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Тој потврди дека НАТО јасно ставил до знаење дека е подготвен да закаже серија состаноци кои ќе опфатат широк опсег на различни теми, вклучувајќи проектили и реципрочно проверливи ракетни ограничувања, во Европа“,Но според Столтенберг. „Од руска страна јасно ставиле до знаење дека не се подготвени“,.

Столтенберг, исто така, истакна дека блокот ја повикал Русија да ги „повлече своите сили“ од Грузија, Молдавија и Украина, и руските мировници стационирани во Придњестровје, Абхазија и Јужна Осетија и во Крим, регион кој се одвои од Украина иповторно се приклучи. Русија во 2014 година по пучот поддржан од Западот во Киев.

Русија и НАТО ги продолжуваат своите мисии во Москва и Брисел, додаде Столтенберг.

НАТО предложи и дополнителни состаноци, но Русија се уште не се согласила,

Третата рунда преговори на истата тема ќе се одржи денеска во Виена во Организацијата за безбедност и соработка, но се укажува дека и овде однапред се знае резултатот. Западот не го прифаќа предлогот на Русија за не ширење кон истокот и да прима нови земји членки , па сега на Москва е да го избере својот нов потег.
И самиот генерален скеретар Столтнеберг смета дека постои реален ризик за вооружен конфликт но дека НАТО ќе направи се што може за да го спречи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twenty − seventeen =