Андоновиќ: Опозицијата се договори – Нетанјаху без нов мандат?

You must need to login..!

Опис

Противниците на премиерот Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за формирање на нова владејачка коалиција, која може да му го одземе добивањето на новиот мандат на долгогодишниот израелски лидер, кој повеќе од 12 години е на чело на владата во Израел. Лидерите на крајната десница Јамина и центристичката партија Јеш Атид, Нафтали Бенет и Јаир Лапид и претседателот на партијата на обединетаа Арапска листа Ра’ам, Мансур Абас, постигнаа договор за влада на единство чиј краен рок за договор беше ноќеска на полноќ по локално време . Лидерот на центристиката партија Јеш Атид, Лапид соопшти дека веќе го информирал претседателот на земјата за договорот.Според него новата влада ќе работи за интересите на сите граѓани на Израел, и за оние кои гласаа за неа и оние кои не гласаа. Таа ќе стори сé за да го обедини израелското општество“, рече лидерот на партијата Јеш Атид,

Според договорот, Лапид и лидерот на десничарската партија Јемина ќе работат како премиери во ротација. Бенет ќе биде премиер во првите две години од мандатот на владата, по што 57-годишниот Лапид ќе застане на чело на Владата. Историскиот договор ја вклучува и малата исламистичка партија, Обединетата арапска листа, што ќе ја направи првата арапска партија што некогаш била дел од владејачката коалиција. Договорот допрва треба да биде одобрен од Кнесетот, или парламентот, со гласање што се очекува на почетокот на следната недела и доколку тие добијат доверба од Кнесетот , Лапид и неговите коалициски партнери ќе стават крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху. По евентуалното заминување од позицијата премиер , Нетанјаху ќе се соочи со жестоки судски обвинувања за сторена корупција за време на неговото владеење што се смета како и главна причина за поразот кој неговата партија го доживеа на последните парламетарни избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =