Андоновиќ: Одмзада на Лукашенко за санкциите или обид да ја принуди ЕУ да финансира мигрантски кампови во Белорусија по примерот на Турција?

You must need to login..!

Опис

Состојбата на мигрантскиот бран на полско-белоруската граница ексалира .
Полска одбива да прими мигранти на нејзина територија, па во последните недели испрати стотици припадници на своите сили на границата и подигна бодликава жица, со цел да го спречи секој обид на мигрантите да се пробијат.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко побара на мигрантите да им биде дозволен влез во Полска.

Европската унија го обвини Минск дека им помага на мигрантите да стигнат до надворешните граници на Унијата во Полска, Литванија и Летонија како одмазда за западните санкции наметнати на Белорусија поради политичката репресија врз сопствената опозиција.

Од друга страна Варшава обвинуува за хибриден напад врз безбедноста на Европската унија, а Брисел најавува дополнителни санкции против Лукашенко.
Во целата оваа конфузија се вклучи и Москва според која како да ги откри намерите на беолрускиот престедател Лукашенко.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја прозва ЕУ и јавно ја праша зошто не сака да обезбеди „финансиска поддршка“ за владата во Минск, за да ги одврати бегалците од патот до полската граница? Москва предлага ЕУ да фифнасира мигранстки кампови на територијата на Белорусија, и така да ги држи мигрантите да не влегуваат во земјите на унијата..Нешто што веќе го направи со со склучувањето на договор со Турција каде фианснира неколку кампови во кои има околу 3 милиони бегалци.
Критичарите на оваа идеја веќе излегоа со негодување коментирајќи дека
„Ердоган беше изумител на таа нехумана стратегија, а Лукашенко се обидува од неа да направи модел на франшиза. Сега на надворешната граница на Полска се одлучува дали таквите обиди за уцена ќе продолжат да успеваат“.

И додека трае пресметката на релација ЕУ Белорусија Русија, или конфликт меќу истокот и западот , илјадници бегалци од Белорусија се обидуваат да влезат насилно во ШПолска и Литванија и од таму дам влезат во Германија.
Полска распоред 12000 војници на границата да ги спречи, но се чини дека бегалците се одлучни и по цена на живот да влезат во границите на ЕУ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − twelve =