Андоновиќ: Одбиен ултиматумот на Путин – Мариопол во очекување на рускиот одговор

You must need to login..!

Опис

И 54 тиот ден од инвазијата на Украина, руската армија сеуште не го освои целосно клучниот и стратешки важен град Мариуопол. Според последните иформации на улиците на градот се наоѓаат руските сили, повеќето чеченци припадници на руската армија кои објавија снимки дека го држат градот под контрола. Сепак останува и натамоследното упориште на украинските сили, стационирани во објектот на челичарницата Азовстал.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето до вчера попладне
Русија претходно соопшти дека ги исчистила од отпор сите урбани области во Мариупол.

Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал.
Руската армија соопшти дека понудата на Москва е поттикната од „катастрофалната ситуација“ во фабриката, како и од „чисто хумани принципи“.

Од друга страна, Москва најави дека ќе интервенира со термобарични проектили врз објектот доколку не се предата украинските војници. Се шпекулира дека под оваа челичарница, наводно се наоѓа подеземен и добро утврден воен објект во кој се засолнети неколку стотини приапдници на уркаинските маринци и дел од приапдниците на батаљонот Азов кои одбиваат да ја предата конторлата на руските сили.

Руската армија најверојатно за да спречи загуби меќу своите сили се заканува со користење на ракети и целосно уништување на ова последно упориште. Од друга страна Киев им порача на своите трупи во Мариопуљ дека не смеат да се предадат и повика на стрелање на сите оние кои ќе се обидат да дезертираат.
Важноста на Мариопул за украинците оди дотаму што шефот на дипломатијата Кулеба и се закани на Москва дека доколку изведат ракетен напад врз последното упориште, Украина веќе нема да преговара со Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и оти „нема намера да се предаде”.Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да ѝ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина со цел да се запре конфликтот.

Донбас, односно два големи источни региони, Луганск и Доњецк, се протегаат од Мариупол на југ сè до северната граница. Овие два региони го претставуваат Донбас или Доњецки басен, област каде што се произведува јаглен и челик .Ова како и руското население кое живее во оваа област беа и главната причина за започнувањето на руската воена иннвазија.
Сепак во последните 54 дена Руската армија започна сеопфатен напад врз Уркаина. Од утринава експлозии одекнуваат и во западниот град Лавив , централниот Днипро како и колу престолнината Киев. Според сите најави засега завршувањето на војната е далеку.

Украина соопшти дека од почетокот на инвазијата се убиени 20.300 руски војници, а уништени се 2.002 руски оклопни возила, 146 хеликоптери и 773 тенкови.

Украинското МНР соопшти дека се уништени 165 руски авиони, 148 дронови, осум бродови и 66 противвоздушни системи. Загувбите на украинса страна засега не се соопштуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 − 4 =