Андоновиќ: Нови обвиненија против новинарот, војна околу цивилните рути над небото на Белорусија

You must need to login..!

Опис

Белорускиот опозиционен новинар и блогер Роман Протасевиќ се соочува со нови обвиненија. Протасевиќ, кој беше уапсен од полицијата откако белоруските власти пирнудно го спуштија авионот на компанијата Рајан ер во Минск, е обвинет дека бил припадник на десничарската паравоена формација, батаљон Азов се борел во војната во Донбас, каде што дури бил и ранет. Оваа информација беше потврдена од повеќе извори, меќу кои кои, и од руската федерална служба за безбедност која открива дека десничарски дисиденти од Белорусија биле присутни и се бореле во Украина во редовите на украинската парамилитатна милиција против проруските сепратисти во Луганс и Доњецк Сепак, постојат некои извори тврдат дека Протасевич во борбите бил само новинар и известувал, додека други извори сугерираат дека тој учествувал во борбите. Доколку се докаже неговата улога во овие борби, како и обвинувањата за ширење на вести кои минатата година предизвикаа масовни насилства на улицте на Минск кои го сопоруваат резиборот на претседателот Лукашенко, на Протасевиќ му се заканува затворска казна од 15 години. Дотогаш тој се наоѓа во двомесечен притвор заедно со неговата девојка. Притварањето и начинот на апсењето на Протасевиќ предзвика ЕУ и САД да воведат жестоки санкции кон Белорусија.Една од санкциите е и суспендирањето на рутите кои помиуваат низ белорускиот воздушен простор.Рутите на западните авиокомпании сега одат низ соседните држави, додека белоурското небо во моментов е бришан простор ЕУ побара од своите авиокомпании да ја избегнат Белорусија и нејзиниот воздушен простор но Москва не дозволува пренасочување на летовите кон авионите кои летаат кон Русија. Москва како единствен и моќен сојузник на Белорусија одговори со забрана за слетување на авионите кои кон Москва ја избегнуваат меѓународно утврдената авио рута низ белоруското небо и кон москва пристигнуваат од друг правец.

Поради ова неколку авио- линии од Виена и од Париз за Москва, беа принудени да ги откажат бидејќи руските власти не им дозволија слетување на московскиот аеродром. Како дополнителна подршка на Москва за Белрусија, а против политиката на САД и ЕУ, се толкува и денешната средба на рускиот претседател Валдимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи. Покрај темите за понатамошниот развој на билатералните односи, како и за заедничките проекти меѓу двете земји, како и промовирање на интеграцијата во Алијансата на Русија и Белорусија, Путин и Лукашенко ќе разговараат и за најновиот развој на состојбата со принудното слетување на патничкиот авион и апсењето на белорускиот опозиционен новинар. Москва соопшти дека Лукашенко ќе има можност детално да му ги претстави на Путин сите околности на овој инцидент, што одредени држави го оценија како терористички чин. Сепак, праксата на присилно слетување на цивилни патнички авиони се случуваше и порано. Најзначајниот пример е принудувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да слета во Виена во 2013 година. Причина за тоа беа гласините дека поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, кој е обвинет за откривање на државни тајни во САД, е во авионот заедно со претседателот. Овој инцидент не беше осуден од западот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 3 =